Home » #M365Voice » MediaVoice: Александар Табаковски (Дерби)

MediaVoice: Александар Табаковски (Дерби)

Александар Табаковски

М365: Каква година беше 2018 за вашиот медиум? Што е она по што ќе ја паметите?

Кога треба да се генерализира еден заклучок наједноставно е да се каже дека беше „непостојана“, во смисла да се доловат циклусите на исклучителна побарувачка во шпиц сезони кога има врвни спортски манифестации, понекогаш и со учество на нашите репрезентативци, како и празни периоди во кои се чини дека целата држава хибернира поради некоја виша причина: годишни одмори, политичка ситуација или нешто трето…

М365: Како гледате на симбиозата помеѓу ПР и маркетинг агенциите и медиумите во Македонија?

Забележувам само дека се трудат да се дистанцираат едни од други, по непишано правило секогаш ти кажуваат дека си се јавил кај погрешниот: едниот нема информација, другиот нема буџет (или креатива или насока или време да те сослуша). Секоја чест на исклучоците и вистинските професионалци, сепак ги има и тоа е она што дава надеж.

М365: Која пракса на ПР професионалците ја почитувате најмногу, а која пракса Ви смета најмногу?

Медиа брифинзите се корисни за новинарите, а малку се употребуваат, се користат најчесто по „директива“ за ветување ѓомити некаков ексклузивитет.  Замираат и медиа релациите, се сведуваат на комуникација преку мрежите за поврзување.

М365Какви се Вашите желби за годината што претстои, а се поврзани со медиумската индустрија?

Компаниите да имаат можност достоинствено да ги претстават своите производи преку медиумите и на тој начин да стигнат до што поширока клиентела, затоа што тоа во низа ќе ги подобри ситуациите во агенциите и медиумите, дури и оние од „медија закуп“ нема да го држат телефонот на „безгласно“ :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365