Home » Digital » Медицинска дијагноза од Google

Медицинска дијагноза од Google

Google на својот мобилен пребарувач додаде можност за добивање на медицинска дијагноза врз база на симптомите во прашањето.

google symptom

Наместо копање низ куповите на резултати од пребарувањето, новата можност на Google за пребарување спрема симптомите, ќе ги прикаже здравствените информации, посебно селектирани, во горниот дел од резултатите од пребарувањето.

Информацијата се добива во облик на картици, но во Google истакнуваат дека нивната нова можност не е замена за лекар. Корисникот треба да наведе само некои од симптомите, како на пример “болка во стомакот“, а Google ќе му презентира преглед на можните причини, начините на лечење, инструкции како да добијат повеќе информации на интернет, и кој вид на лекари би можеле да му помогнат.

Google оваа услуга ја разви во соработка со тим на лекари, како би ги поврзале симптомите со соодветнотната здравствена состојба. Исто така, од Гугл велат дека во проектот се вклучени и стручњаци од Медицинската школа на Харвард кои ги прегледуваат симптомите во пребарувањето, како би ги подобриле резултатите што се прикажуваат.

Засега услугата е достапна само на мобилните страници на Google и достапна само на англиски јазик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365