Home » Во фокусот » Меѓународна изложба Еxpo&Кулинарски разговори на Недела на дизајнот во Скопје

Меѓународна изложба Еxpo&Кулинарски разговори на Недела на дизајнот во Скопје

Во рамки на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), традиционално најмногу внимание привлекува меѓународната изложба ЕКСПО (EXPO). Годинава, оваа целина ја сочинуваат 8 компании од Македонија, 15 млади дизајн студија од регионот и две Aкадемии за Дизајн од Белград, сите со стотина производи кои веќе ги има на пазарот. Ќе бидат изложени прототипи на маси, столови, штендери, клуб-маси, фотелји, расвета, радијатори и други производи.

Компанииете “Завар дизaјн”, “Мимако вуд”, “We and Nature”, “Орнамакс”, “Лукс”, “Адора инженеринг”, Кирче Стојоски, “Mariguccha” ќе се претстават со новитети во нивните асортимани и последни достигнувања во продукт дизајнот.

Tимот “Абовас архитекти”, Марија Малетиќи “Моба” на ЕКСПО ќе изложат дизајнерски маси, Анѓела Мариновиќ, Ѓина Сврака, Јелена Митиќ и Марко Ољача доаѓаат со лампи, “Бенуси & Фиш” со мебел за деца, “Бланко” и “Јока” со дизајнерски додатоци, Богоје Бојовиќ со мебел за градини и канцеларии, “Суперхерина” со фотелји и детски мебел, “Табуши” со табурети и барски столици.

На изложбата ќе се претстави и проектот У1 НА1, уметничкото име на изборниот предмет Архитектура на корисни предмети на Архитектонскиот факултетот при Универзитетот во Белград, чија цел е да ги обучи студентите да развиваат мултифункционален мебел.

Покрај изложбите кои се во главниот фокус на овогодинешното издание на SDW, активностите продолжуваат со гастрономските истражувања низ серија на три работилници насловени Кулинарски разговори. Ова кулинарско ќоше е сосема нова дисциплина, долго подготвувана од организаторите која има за цел преку храна и дружење да ги доближи карактерите на општествено и социјално одговорни и познати личности.

Популарниот  и наградуван белгиски шеф, Марк де Јонг, со кулинарско шоу на отворена сцена ќе готви и дизајнира храна заедно со гостите кои ќе ги учи како да си ги подобрат готвачките вештини, а од нив ќе учи за поезијата, еко-активизмот и модниот стил.

На 23.ноември со почеток во 16 часот, темата е поезија, а со Марк де Јонг ќе готви и дебатира наградуваната македонска поетеса Марта Маркоска. На 24.ноември во 15 часот ќе се готви и дискутира на тема еко-активизам со актерката Ирена Ристиќ и тимот на “Не биди ѓубре“. Ристиќ е истакната активистка и лидерка на популарната граѓанска иницијатива “Не биди ѓубре“ и на Skopje Design Week  ќе ги споделат своите искуства од нивната кампања. Додека на 25. ноември со почеток во 15 часот= темата е мода, а со Марк де Јонг ќе готви менаџеркиот тим на Скопскиот моден викенд.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.

Активностите ќе се реализираат во Јавна соба и Лукс секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Повеќе информации на: www.ministryofpleasure.net

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365