Home » Во фокусот » Меѓународниот натпревар за стартапи „Get In The Ring” по трет пат во Скопје

Меѓународниот натпревар за стартапи „Get In The Ring” по трет пат во Скопје

Млади претприемачи од средните училишта и претставници на стартапи од Македонија денеска учествуваа на меѓународниот натпревар Get in the Ring, каде пред жири од деловни професионалци од Македонија, САД, Канада и Европа ги претставија своите бизнис идеи, иновативни производи и решенија.

Во конкуренција беа 40 тимови од средните училишта, а оние кои понудија најуникатни и најизводливи решенија, се бореа во финалето за главната награда. Од вкупно 8 финалисти од средношколските тимови, титулата национален Get In The Ring шампион му припадна на тимот „In Charge”, а второпласирани беа тимот „Pharmyouth”. Вкупниот фонд на награди за нив изнесуваше 1500 долари.

Стефан Митески, минатогодишниот победник, кој беше дел од глобалното финале во Сингапур на Get in the ring со над 100 млади претприемачи од сите континенти изјави – „Особена чест ни беше и нам Systems for Enterprise успешно да ја претставуваме Македонија. За малку не влеговме во финалето, но моето мислење е дека главниот резултат не е натпреварувањето туку остварените контакти и средби. Се сретнавме со инзвонредни луѓе со кои што развиваме заеднички бизнис перспективи и тоа е навистина возбудливо. Тимот кој што стои зад натпреварот е прекрасен и ова е искуство кое што топло го препорачувам секому.“

На натпреварот публиката можеше да слушне интересни „двобои“ каде средношколските тимови добиваа поени според изводливоста на нивната бизнис идеја и убедливоста во претставувањето пред судиите. Веќе во втората категорија од натпреварувањето фокусот беше на стартапите, каде повторно преовладуваше голема возбуда во претставувањето на иновациите, понудени од веќе поискусните и повозрасни претприемачи.

До крајот на денот ќе биде објавен и победникот од стартапите, кој ќе земе учество во глобалното финале на Get in the Ring. Завршувањето на GITR го означува утрешниот почеток на официјалната програма на Самитот Македонија2025.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365