Home » Во фокусот » Меколи Калкин е повторно “Сам дома“ во новата реклама на Google

Меколи Калкин е повторно “Сам дома“ во новата реклама на Google

Речиси три децении откако е снимен култниот филм, Меколи Калкин повторно го глуми Кевин во најдобрите сцени од филмот и го “оживеа“ филмот “Сам дома“.

Станува збор за новата реклама на Google во која Кевин е повторно сам дома, но овај пат ги има Google Assistant уредите – Home Mini, Home Hub и Pixel смартфонот.

Продуцентите на рекламата се погрижиле сите детали на сценографијата да бидат потполни исти како во филмот, а фановите сметаат дека ниту Калкин не е многу поразличен од кога бил 8 годишно дете.

Рекламата на Гугл за само неколку часа достигна 13 милиони прегледи, а социјалните мрежи “горат“ од воодушевувачки коментари, затоа што кај многумина реклмата разбуди неверојатна носталгија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365