Home » Во фокусот » Мајкрософт го престигна Епл и стана највредна компанија во светот

Мајкрософт го престигна Епл и стана највредна компанија во светот

Во текот на летото многу се пишуваше за Apple како прва компанија чија вредност надмина трилион американски долари

Цената на акциите на Епл тогаш беше 207 долари, за потоа да скокне на износ од 231 долар, но потоа се претставени овогодинешните iPhone-и кои што се чини дека не ја доживееја популарноста во јавноста која ја очекуваа од компанијата од Купертино (особено што се однесува до побарувачката за iPhone XR моделот).

Минатата недела тоа значително влијаниеше врз финансиските резултати на Епл и на вредноста на нивните акции која падна на 172,2 долари, што значи дека вкупната вредност на акциите на компанијата падна на износ од 746 милијарди долари.

Од друга страна, Мајкрософт во последно време бележи многу добри финансиски резултати и сега вреди 753 милијарди долари (најмногу благодарение на облак услугите).

Значи, Мајкрософт го замени Епл на местото на највредна компанија во светот, а се очекува дека компанијата од Редмонд во блиска иднина може да ја надмине вредноста од еден трилион долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365