Home » Во фокусот » МИТ Универзитет стартува со серијалот настани „Мојата Претприемачка Експедиција“

МИТ Универзитет стартува со серијалот настани „Мојата Претприемачка Експедиција“

Што е тоа Претприемништво? Што ги поттикнува да започнат со сопствен бизнис? Кои се предизвиците со кои се соочуваат? Што би промениле повторно ако започнат? Како ги финансираат своите бизниси? Зошто го избрале токму тој бизнис со кој се занимаваат? Дали имаат други идеи за бизнис? Кои се најголемите потешкотии со кои се среќаваат? Што е потребно за успешен бизнис? Како опкружувањето влијае на бизнисот?“, се само дел од многуте прашања кои двајцата говорници ќе се обидат преку своето искуство и разбирање да ги одговорат.

“На настанот учесниците ќе имаат прилика да постават прашања и да слушнат коментари кои многу ретко јавно се зборат, се поради фактот што претприемачите се обидуваат да креираат идеална слика за себеси криејќи ги вистинските детали кои и тоа како се важни во еден бизнис! Не е работата да се комуницираат успесите, да поработиме малку и на неуспесите и негативните одлуки кои сме ги носеле” – изјави Сергеј Зафироски од “Инсајдер ИД” еден од говорниците и организаторите на настанот.

МИТ Универзитетот го започнува серијалот на настани за претприемништво „Мојата Претприемачка Експедиција“ со првиот настан „Успеси и Неуспеси на Македонските Претприемачи“, едукативна програма која е вистинско освежување и новина во сферата на претприемништвото.

Настанот е наменет да се дојде до одговори на дел од прашањата кои се од интерес за актуелните и потенцијалните претприемачи во нашата држава, а за таа цел своите искуства со присутните ќе ги споделат говорниците Борис Ефтимовски од „Маркетинг 365“ и Сергеј Зафироски од „Инсајдер ИД“.

Идејата на овој настан е говорниците од своја гледна точка да раскажат што според нив претставува претприемништвото, кои се слабостите и предностите на претприемачите, но и преку интересен концепт на Панел дискусија во која Ефтимовски и Зафироски преку меѓусебно интервјуирање да дојдат до одговор на голем број интересни прашања.

Настанот ќе се одржи на 13-ти март со почеток од 17 часот во просториите на МИТ Универзитетот (Плоштад Македонија – Сити Галери над Теранова), а учеството за сите кои се заинтересирани е бесплатно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365