Home » Во фокусот » Мобилното огласување за прв пат поголемо од огласувањето во печатани медиуми

Мобилното огласување за прв пат поголемо од огласувањето во печатани медиуми

Мобилното огласување во UK продолжува значително да расте и се очекува да порасне за околу 90% оваа година достигнувајќи 3,53 милијарди американски долари (во 2013 изнесуваше 1,86 милијарди) објави деновиве eMarketer како информација од нивното неодамнешно истражување.

Проценките се дека до 2018 година, мобилното огласување ќе достигне речиси една-третина (35,5%) од целиот колач на платено огласување во Обединетото кралство.

Според истражувањето, проценката за 2014 година е дека за прв пат мобилното огласување ќе го надмине огласувањето во дневните весници. Мобилното огласување се проценува дека ќе учествува со 15,1% од целиот огласувачки колач, додека весниците со 13,8%.

Мобилно огласување 2014

Во Република Македонија, мобилното огласување е во самиот зачеток и еден од пионерите на овој вид на услуга секако е SunWireless Advertising сервисот кој овозможува масовни кампањи на мобилен маркетинг со reach кој достигнува до 450,000 корисници месечно, кои можат да бидат таргетирани по неколку параметри како геолокација (екстензивно таргетирање), уред кој го користи корисникот и јазик кој го зборува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365