Home » Во фокусот » Модерен фармацевтски маркетинг – креирање на продажба преку подигање на нивото на здравствена едукација на пациентите!

Модерен фармацевтски маркетинг – креирање на продажба преку подигање на нивото на здравствена едукација на пациентите!

Колумна на Филип Ачкоски, М-р по фармација, регионален директор на PharmaS, топ едукатор

Живееме во време кога секојдневно сме ‘’бомбардирани’’ од сите страни со реклами од различен тип. Маркетингот е навлезен во секоја пора од живеењето: телевизија, интернет, радио, билборди, социјални медиуми, весници, промотивни настани итн., и во голема мера влијае врз одлуките кои секој од нас ги носи кога станува збор за купување различни производи од храна и облека, преку мебел и алати, па се до лекови (безрецептни –ОТЦ лекови, хербални лекови, гранични производи) и други фармацевтски производи (додатоци во исхраната) кои го унапредуваат нашето здравје.

Со оглед на тоа што здравјето е (треба да биде) врвен приоритет за секој од нас, фармацевтскиот маркетинг има огромно влијание врз квалитетот на нашиот живот. На страна што фармацевтскиот бизнис е особено регулирана професија, со бројни контроли и законски ограничувања во однос на тоа што и како смее да се комуницира со општата јавност во однос на фармацевтските производи кои се продаваат без рецепт, сепак значајна е и моралната одговорност на сите чинители во процесот на промоција и маркетинг.

Токму затоа крајната цел на секоја реклама за фармацевтски производ е пред се здравствена едукација на пациентите и овозможување на ефикасно лекување на пациентот. Маркетинг алатките треба да му помогнат на пациентот брзо да ги препознае симптомите на болеста (проблемот) и да направи правилна проценка што понатаму со своето здравје: дали да промени одредени свои однесувања (животен стил) кои го нарушуваат неговото здравје, да се обрати во аптека со барање совет или на конкретен производ за санација на неговото здравје или доколку на овие 2 начина не најде решение да се упати кон својот матичен лекар. Добро едуциран пациент не е оној кој доаѓа кај лекарот со ‘’своја дијагноза и преферирана терапија’’ туку оној кој добро ги согледал сите симптоми на болеста и може јасно да ги сподели со лекарот и фармацевтот. На тој начин во најкратко време ќе добие соодветна терапија и ќе го реши проблемот.

На кој начин може фармацевтскиот маркетинг да го подигне нивото на здравствената едукација а при тоа и да креира продажба?!?

За да ги постигнеме овие цели мора да тргнеме од фактот дека живееме во време на брз проток на разни информации, дел од нив и непроверени, неточни па дури и свесно пуштени лажни вести. Денешниот пациент е добро информиран, бидејќи информацијата му е на растојание од само еден клик, но во голем број случаи не и добро едуциран бидејќо честопати не успева да ги одбере релевантните податоци. Токму затоа веќе е недоволно само да го изрекламираме брендот на производот, како делува и како се користи. Конкуренцијата на пазарот е огромна, секоја информација е лесно и брзо проверлива, и сите некаде брзаат. Решението е во континуиран промо/едукативен маркетинг микс кој ќе гради постојани и задоволни потрошувачи. Тв/радио рекламата или билбирдот/интернет банерот ги дава само клучните пораки. Токму затоа неопходно е да се комбинира со ПР/едукативни емисии, настани, текстови со што ги дообјаснуваме бенефитите од производите но и ја подигаме здравствената свест воопшто. Особено внимание треба посветиме и на социјалните мрежи кои се неразделен дел од животот на многу од нас и честопати најбрз па дури и основен извор на информации. Преку пласирање на квалитетни, проверени, едукативни здравствени информации градиме добро едуцирани пациенти и здрави поколенија.

Добро едуцираниот пациент работи на подигнување на своето здравје постојано и разбира дека најголем дел од болестите се одраз на несоодветна исхрана, хигиена, животен стил и пад на имунитетот и знае кога треба да го суплементира организмот со додатоци во исхраната.

На крајот добро едуцираниот пациент е бенефит за сите: го штеди своето време, своето здравје и целиот здравствен систем бидејќи не оди на лекар за секоја настинка, течење нос, дијареа, запек или покачена температура, и на тој начин се остава повеќе простор за дијагноза и третман на оние пациенти со посериозни здравствени проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365