Home » Во фокусот » Модерните логоа добија редизајн во препознатливиот стил на Баухаус

Модерните логоа добија редизајн во препознатливиот стил на Баухаус

Погледнете како би изгледале логоата на денешните брендови, ако тие би биле дизајнирани во Баухаус стил

Во чест на стогодишнината од Школата за уметност Баухаус, дизајнерите се собраа околу дигиталната платформа 99Designs и редизајнираа некои од најпознатите логоа на денешницата во препознатлив стил на Баухаус.

Епл, Старбакс, Ферари, Гугл и други, како дел од овој проект добија несомнено импресивен нов изглед, благодарение на дизајнерите од целиот свет.

Училиштето за архитектура и декоративна уметност Баухаус е основано од Валтер Гропиус во 1919 година и ги постави темелите на естетиката на 20 и 21 век во кратките 14 години од своето постоење, пред да биде затворено во 1933 година од нацистите. Денес важи за дом на авангардата на современоста во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил.

Влијанието на дизајнот на Баухаус е непобитен. Можеби не секогаш го препознавате кога ќе го видите, но наследството на ова движење е насекаде околу нас, овековечено во тоа како дизајнерите го прифатија минимализмот, храбрата типографија, геометријата и основните бои.

Овој стил оттогаш инспирира многу дизајнери, а делата што може да ги видите подолу се само уште еден пример за тоа колку овој стил е сеуште моќен да создава впечатливи визуелни пораки.

Еве што би изгледале логоата на денешните брендови доколку тие би биле дизајнирани во Баухаус стил:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365