lions live 2016

Во живо:
Home » Во фокусот » Можете и Вие! – локална кампања на Универзитетот Шефилд
630x90

Можете и Вие! – локална кампања на Универзитетот Шефилд

СИТИ Колеџ, Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, ја започна кампањата „Можете и Вие!“. Посебноста на кампањата е што експонира успешни дипломци од Република Македонија, прикажувајќи го нивниот просперитет како резултат на стекнатото образование.

Кампањата „Можете и Вие!“ се обраќа на сите што имаат амбиција да го стекнат своето образование на еден од најпрестижните универзитети во светот и со тоа да изградат професионална кариера. 

Како дел од оваа кампања ќе ги видиме успешните приказни на неколку дипломци од Република Македонија, меѓу кои: Драгана Чифлиганец како маркетинг директор, Александар Манев како косопственик на медиум (Faktor.mk), Димитар Никушев како извршен директор и Филип Лунески како менаџер на категорија производи. 

„Концептот на кампањата е тесно поврзан со искуствата на успешните дипломци од Универзитетот Шефилд во Република Македонија, кои што ги има повеќе од 850 на број. Во кампањата тие директно ги експонираат нивните постигнувања и успесите на компаниите во кои што работат, со цел да се потенцираат предностите што ги нуди една едукативна институција како што е Универзитетот Шефилд. Сето тоа е проследено со визуелизација на кампусот и студентскиот живот, слика што ја прикажува универзитетската реалност во сета своја мера“, изјави Марија Никовска, од регионалната канцеларија на Универзитетот Шефилд во Скопје.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и странски компании и агенции каде најчесто бил вклучен како менаџер или консултант за стратегиски маркетинг или односи со јавност. Дипломирал на Економскиот факултет на отсекот маркетинг-менаџмент. Бил дел од повеќе стручи жирија на регионални креативни фестивали а од февруари 2015 година преку Маркетинг365 е и официјален претставник во Македонија на најголемиот светски креативен фестивал Cannes Lions.

ФБ Коментари

comments

MK-Skopje-GIF---630x90

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365