Home » Во фокусот » М СТОП – нов медиум за креативно изразување низ скопските улици

М СТОП – нов медиум за креативно изразување низ скопските улици

По примерот на големите светски метрополи отсега и Скопје конечно доби можност да биде разубавен со брендирани автобуски постојки.

Деновиве тимот на Маркетинг365 имаше прилика да забележи повеќе автобуски постојки низ Градот “облечени во ново руво”, кое му дава блескав сјај и го разубавува просторот кој секојдневно претставува место каде се собираат и крај кое минуваат илјадници граѓани на метрополата.

Postojaka_Bitolski_Jogurt_01

Можноста за брендирање на автобуските постојки несомнено ги израдува и креативците, огласувачите и маркетинг агенциите кои сега добија ново совршено место за крeативно изразување и супер ефикасен медиум за пренесување на рекламна порака до исклучително бројна публика.

Според статистичките податоци на ЈСП Скопје, во текот на 2015 година превезени се вкупно 52 милиони патници, односно 4,3 милиони месечно. Во овие бројки не влегуваат патниците превезени со приватните превозници, а кои ги користат истите автобуските постојки. Исто така, оваа бројка значително се зголемува ако се земат предвид пешаците и сите други учесници во сообраќајот.

Ова се аргументите заради кои цврсто веруваме дека „рекламните куќички“ ќе понудат засолниште, информации, забава и ќе ги стимулираат потрошувачките сетила на потенцијалните купувачи.

Postojka_CocaCola_01

Концесионер на овој рекламен простор е компанијата MARATON ADVERTISING GROUP, која од 2005 година го организира и рекламирањето на автобусите во Скопје. Минувајќи километри и километри заедно низ годините, Маратонци од 2016 година приказната ја продолжуваат со М СТОП односно со организирање рекламирање на новите автобуски постојки во Скопје.

Предизвикот да се биде концесионер на овој рекламен простор е голем и претставува  исклучителна комбинација како продолжен или повеќе пропратен или дополнителен медиум кон bus brending- от. Тоа значи дека ако учествувате во маратонот, ќе можете да застанете и да се одморите или ако не сте во добра кондиција и не сте спремни за маратон, можете да се испробате во новата дисциплина – да стоите во место и да си одморате“ – велат во нивен стил од Маратон.

Маратон го прифати предизвикот да гради уште еден нов медиум во градот, а први на овој медиум му веруваа  брендовите Бимилк и Coca Cola.

Postojaka_Balance+_01 Postojka_CocaCola_04

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365