Home » Во фокусот » Мурал од неискористени гласачки ливчиња кој има за цел да ги поттикне Американците да излезат на гласање

Мурал од неискористени гласачки ливчиња кој има за цел да ги поттикне Американците да излезат на гласање

Околу 15 милиони Американци со право на глас не го искористиле своето гласачко ливче за време на претседателските избори во 2016 години, наведувајќи ги транспортните проблеми како најчеста причина. Превозната компанија Lyft си постави за цел да помогне во надминувањето на тој проблем или барем да го направи поефтин, со тоа што ќе понуди попуст од 50% во текот на претстојниот изборен ден за претставници во американскиот Конгрес (6 ноември).

„Сакаме да го олесниме транспортот на изборниот ден со цел луѓето ширум државата да можат да го остварат своето гласачко право. Пристапот до транспорт е голем проблем за многу од гласачите и ние сакаме да ја искористиме нашата платформа со цел да го елиминираме тој тежок дел од гласачкиот процес и да помогнеме сечиј глас да биде слушнат,“ изјави Мајк Масерман, директор за општествен импакт во Lyft.

Во обид да ја популаризираат оваа понуда, како и да го истакнат значењето на гласачкиот процес, креативниот тим на Lyft создаде мурал од стотици неискористени гласачки ливчиња покрај една улица во Њујорк.

„Сакавме визуелно да ја пренесеме тежината на големиот број неискористени гласачки ливчиња минатите избори, како и да го „рашириме зборот“ дека сакаме да им помогнеме на луѓето полесно да стигнат до гласачките места. Како инспирација за ова дело ни послужи визуелната историја на политичките кампањи и ни се допадна идејата да ставиме боја или во овој случај гласачки ливчиња на ѕид, а Њујорк изгледаше како вистинското место за да се направи тоа,“ истакна Џес МекМилин, креативен директор на Lyft.

Компанијата исто така склучи и партнерство со низа гласачки организации ширум САД како Voto Latino, Vote.org, Nonprofit Vote и TurboVote.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365