Home » Во фокусот » На BalCannes прогласени најдобрите кампањи и агенции во регионот

На BalCannes прогласени најдобрите кампањи и агенции во регионот

Најдобра агенција на BalCannes 2016 е словенски Pristop, а титулата за најдобра кампања ја однесе Men all over the world are crying на агенцијата Studio Sonda

Избрани се најдобрите 25 кампањи на петтото издание на најголемиот адвертајзинг фестивал во регионот BalCannes кој се одржува во Ровињ, Хрватска. По прв пат,  наградите за најдобрите проекти и агенции беа доделени од страна на жири составено од огласувачи. Титулата најдобра агенција на BalCannes ја освoи агенцијата Pristop од Словенија, а за најдобра кампања беше прогласена Man all over the world are crying од агенцијата Studio Sonda.  Жирито на огласувачи својата посебна награда ја додели на кампањата Markovec opening од агенцијата Pristop, додека пак жирито на новинари за најдобра кампања ја избра Lav Popcorn од агенцијата McCann Beograd.

BalCannes 23.09.2016 1

Јелена Арсовска, директор на Меккен Скопје – единствена агенција од Македонија која со свој проект се пласираше меѓу 25-те најдобри  креативни проекти во регионот

Од Македонија, место во ТОП 25 најдобри креативни проекти во регионот избори единствено агенцијата Меккен Скопје со својот проект за клиентот БиМилк – “Следи ги авантурите на битолското чупе“.

Покрај Pristop, најдобри резултати освоија и агенциите Bruketa&Žinić OM, Imago Ogilvy, McCann Zagreb & Fahrenheit и Grey Ljubljana, додека пак во селекцијата на 25 најдобри кампањи беа избрани и проекти на агенциите Studio Sonda, BBDO Zagreb, McCann Beograd, FCB Afirma, Universal Media, Fullhouse Ogilvy, Yin + Young, , Luna TBWA, New Moment New Ideas Company, McCann Skopje и Real grupa. Токму овие агенции, на главната сцена на Weekend Media Festival-от, ги презентираа своите најдобри кампањи пред до максимум исполнетата сала со огласувачи и други колеги од индустријата на пазарните комуникации.

Пристоп - најдобра агенција на BalCannes 2016

Пристоп – најдобра агенција на BalCannes 2016

На овогодинешниот BalCannes, најголемата регионална ревија на рекламни агенции, организиран од страна на HURA (Хрватското здружение на друштвата за пазарно комуницирање) и Weekend Media Festival, учествуваа рекордни 57 агенции од 5 ралични земји.

Најдобрите кампањи на BalCannes 2016 по азбучен ред се:

  • Aqua Viva Puna Života (агенција Fullhouse Ogilvy)
  • Bonbon Rollover (агенции McCann Zagreb & Fahreheit)
  • Coca – Cola Simply Tastly App (агенција Universal Media)
  • Dijalekti (агенција BBDO Zagreb)
  • HEP Sport (агенции McCann Zagreb & Fahreheit)
  • Hrvatski genijalni običaji (агенција Bruketa&Žinić OM)
  • Izbacite to iz sebe (агенција Bruketa&Žinić OM)
  • Jana, voda s porukom ljubavi (агенција Imago Ogilvy)
  • Lansiranje Lidla u Litvi (агенција Real grupa)
  • LAŠKO DVOBOJ (агенција LunaTBWA)
  • Lav Popcorn (агенција McCann Beograd)
  • Markiranje dosade (агенција Imago Ogilvy)
  • Markovec opening (агенција Pristop)
  • Men all over the world are crying (агенција Studio Sonda)
  • Mlekarna Celeia’s Sensory Degustations (агенција Pristop)
  • Pametniji pogled na svaku temu (агенција Imago Ogilvy)
  • Prirodno je bolje (агенција Bruketa&Žinić OM)
  • Run For Peace (агенција New Moment New Ideas Company)
  • Sledi gi avanturite na Bitolskoto cupe (агенција McCann Skopje)
  • Superseniori (агенција McCann Zagreb & Fahreheit)
  • The Beach Stories (агенција Grey Ljubljana)
  • The Cancer Bra (агенција Grey Ljubljana)
  • The Trunk Theater (агенција Pristop)
  • To Beard or Not to Beard? (агенција Yin + Young)
  • Xmass “3in1” credit card (агенција FCB Afirma)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365