Home » Во фокусот » Наградата Cannes LionHeart оваа година му припадна на Пол Полман, извршниот директор на Унилевер

Наградата Cannes LionHeart оваа година му припадна на Пол Полман, извршниот директор на Унилевер

Cannes Lions го наградува извршниот директор на Унилевер, за неговиот придонес за вградување на целите на одржливоста во работењето на Унилевер

Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions објави дека Пол Полман, извршниот директор на Унилевер, ќе биде награден со наградата Cannes LionHeart оваа година, со што му оддава признание на неговата посветеност да ги вгради целите на одржливост во работењето на Унилевер.

Полман стана главен извршен директор на Универ во 2009 година, а од тогаш спроведува амбициозен план за подобрување на целокупниот ефект на овој FMCG гигант врз животната средина и да го зголеми позитивниот социјален ефект преку програмата Unilever Sustainable Living Plan.

Наградата Cannes LionHeart  беше воведена во 2014 година како почесна награда и се доделува на поединци кои на иновативен начин ја искористиле комерцијалната моќ на брендот да направат значајни и позитивни чекори за човештвото или планетата. Филип Томас, извршниот директор на Ascential Events и претседател на Cannes Lions, по тој повод изјави: “Посветеноста на Пол на долгорочен и одржлив раст на работењето ги инспирира другите бизнис лидери. Пол од Унилевер направи одличен пример за тоа што може да се постигне кога креативноста и иновациите се интегрираат во работата. Додадете ја на тоа неговата работа со ОН, целите на одржливиот развој и учеството на Унилевер во формирањето на движењето Unstereotype Alliance, јасно е дека Пол заслужено ќе ја добие овогодишната награда LionHeart.”

Коментирајќи ја наградата, Полман изјави: “Голема е честа да се прими наградата Cannes LionHeart, која му оддава признание на трудот на Унилевер да биде пример за одговорно работење. Се е појасно дека одржливиот раст насочен на целта е најдобар начин за исполнување на долгорочните потреби на потрошувачите и општеството. Брендовите со цел се во срцето на нашиот пристап, а признанието од страна на Cannes Lions, меѓународниот фестивал на креативноста е пофалба за креативноста, одлучноста и страста на сите наши Унилевер тимови низ светот. “

Полман ќе ја превземе наградата на меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions во петок, 22 јуни 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365