Home » Во фокусот » Најавени “Денови на комуникациите 2014” – централната маркетинг манифестација во Хрватска

Најавени “Денови на комуникациите 2014” – централната маркетинг манифестација во Хрватска

Учесниците на годинешните “Денови на комуникациите“ ги очекува освежена програмска структура со акцент на стекнување на практични знаења и уште подобри предавачи.

Хрватското здружение за деловни комуникации (HURA) и хрватскиот огранок на Европското здружение за дигитален и интерактивен маркетинг (IAB), во текот на завчерашниот ден на прес-конференција го најавија второто издание на националниот фестивал за рекламирање “Денови на комуникациите, кој ќе се одржи од 15 до 18 мај 2014 година во хотелот Lone во Ровињ. На конференцијата беа официјално отворени и пријавите за натпреварувањето Идеја X и Mixx, кои ги наградуваат најкреативните трудови во офлајн и онлајн медиумите во Хрватска.

Овогодинешните Денови на комуникации донесуваат освежена програмска структура со акцент на стекнување на практични знаења и вештини на учесниците, низ гостувањето на водечките светски креативни и маркетинг експерти кои ќе дадат увид во најновите трендови од светот на рекламирањето и ќе инспирираат со своите идеи. Во предпладневната сесија на конференцијата, учесниците ги очекува главна програма со “ѕвездени презентери”, додека попладне програмата ќе понуди различни содржини во дури 3 сали, меѓу кои особено се истакнува презентацијата на Effie финалистите и новата програма на интерактивната работилница HOWtoWOW со најдобрите предавачи од сите претходните сезони на HOWtoWOW проектот на  HURA.

Damir Ciglar i Jan Jilek

Damir Ciglar i Jan Jilek

Кога времињата за бизнис се добри, рекламирањето е потребно. Кога се лоши, рекламирањето е неопходно! Тоа веќе го покажа и првото издание на Денови на комуникациите, на кое се собраа над 1.200 маркетинг професионалци од Хрватска ( а понекој и од регионот), и се позиционира како централна маркетинг манифестација во Хрватска. И оваа година самоуверено одиме кон натамошно јакнење на тој статус. Со освежената програма ние сакаме да ги привлечиме оние кои сакаат да бидат во тек со најновите трендови во маркетинг индустријата и сакаат да научат или да покажат, колку креативната и ефективната маркетинг комуникација може да создаде дополнителна вредност за бизнисот и стопанството. Доколку сте на било кој начин поврзани со маркетинг комуникациите, Деновите на комуникации 2014 е местото каде што вашето присуство е барем потребно, а ако не и неопходно! Благодарение на партнерството со Maistre, тоа место  и оваа година ќе биде во креативната атмосфера на хотелот Lone, од 15 до 18 мај. Па планирајте го вашето присуство, од потреба, неопходност – или едноставно од желбата да бидете во центарот на централните маркетинг настани ” изјави Damir Ciglar, извршниот директор на HURA , ко-организатор на Данови на комуникациите.

Новитетите во врска со четирите стручни натпревари кои се одржуваат во склоп на Денови на комуникациите, беа презентирани од страна на Maja Čulig, претседател на жирито на натпреварувањето Effie, Jakov Vilović, претседател на жирито на натпреварувањето IdejaX и Vanja Bertalan, претседател на жирито на натпреварувањето Mixx. Клучните новитети се поврзани со промените во механизмите на судењето, промени во категориите на настаните кои го следат развојот и трендовите на пазарот, со цел да се подигне квалитетот на пријавени трудови и оценување на квалитетот. Vilovic и Bertalan го најавија отворањето на пријавите за учество на конкурсот IdejaX и Mixx. “Ги повикуваме агенциите и огласувачите да ги пријават своите кампањи на овогодинешниот натпревар и да ги прикажат на пазарот своите достигнувања во изминатата година. За маркетинг професијата, натпреварите се многу важни затоа што тие придонесуваат за конкурентноста на пазарот и напредокот на професијата. Пријавите за натпреварот Mixx се отворени до 15 април 2014., а за IdejuX до 25 април. “, изјавија Vilovic и Bertalan.

Maja Čulig, претседател на жирито на натпреварот Effie, потсети на големото значење на наградите Effie, кои претставуваат признание за најдобрите огласувачи и агенции кои со добро поставени стратегии постигнуват најдобри резултати со нивните деловни комуникации. Регистрација за учество на конкурсот Effie, се затвора на 31 март, со тоа што почетниот рок за пријавување е отворен од 1 март.

Kris Hoet

Kris Hoet – Duval Guillaume Modem

Учесниците на Денови на комуникација  и оваа година можат да очекуваат предавања од водечките маркетинг експерти, меѓу кои се издвојува Kris Hoet, наградуван директор за дигитални медиуми на една од најуспешните млади креативни агенции во светот Duval Guillaume Modem од Антверпен, Белгија. На најзначајниот меѓународен фестивал на креативност во маркетинг комуникациите “Cannes Lions” во 2013 година, освоија дури 10 Lions награди за 5 различни клиенти, а една година претходно, вкупно 14 награди. Hoet, на фестивалот ќе одржи предавање за создавањето и комуникацијата на брендот во различни дигитални медиуми.

На Денови на комуникациите, доаѓа и Georges Mohammed-Cherif, основач и креативен директор на француската агенција Buzzman, која е позната по своите револуционерни, интерактивни и вирални кампањи. Од многутте реномирани европски предавачи на Денови на комуникациите, свое предавање ќе одржи и Mark Truss, директор на глобалната истражувачка њујоршка агенција JWT, една од најголемите групации за маркетинг комуникации во светот. На Денови на комуникациите ќе зборува за новите сознанија невронаучни истражувања во областа на маркетинг комуникациите, како и улогата на емоциите и подсвеста за донесување одлуки.

 “Програмските новитети на Денови на комуникациите, како и големиот број на врвни предавачи, се гаранција за успех на овогодинешниот фестивал. Посебно би го издвоил предавањето на Kris Hoet, за кое очекуваме голем интерес со оглед на тоа дека независно од економските трендови, дигиталната сцена во Хрватска се покажа се посилна и попродуктивна“, изјави Jan Jilek, претседател на IAB, коорганизатор на Денови на комуникациите.

И оваа година, посетителите ги очекува богата вечерна програма, која секоја вечер од фестивалот започнува со доделување на наградите, а продолжува со концерти и забава долго во ноќта.

Повеќе информации за Денови на Комуникациите 2014 можете да најдете на : http://danikomunikacija.com/

Маркетинг365 е горд медиумски партнер на настанот.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365