Новото 15-то по ред издание на најпрестижниот бизнис-нетворкинг настан кај нас “Бизнис Кафе Македонија“, ќе се оддржи на 31 март (четврток) со почеток од 18:00 часот, соопштија денеска организаторите.
Ексклузивниот кафе-бар Стоби кој се наоѓа на приземјето од Градскиот Трговски Центар (ГТЦ) во Скопје, за прв пат ќе биде домаќин на македонската бизнис елита која во изминативе две години редовно е дел од секое издание на “Бизнис Кафе Македонија“.
Организаторите уште еднаш најавуваат супер интересни спикери чии имиња ќе бидат откриени деновиве и кои пред посетителите ќе споделат дел од нивното професионално искуство и нивните научени бизнис-лекции од различните бизнис прилики и неприлики.
За повеќе информации во врска со присуството, резервацијата и начините за плаќање на влезницата која изнесува 300 денари, можете да се информирате на следнава e-mail адреса: katerina@mkbizniskafe.com