Home » Во фокусот » Најдобрата атлетичарка на светот го промовира најдоброто од Србија

Најдобрата атлетичарка на светот го промовира најдоброто од Србија

Ивана Шпановиќ, српска атлетичарка и актуелен шампион на светот во скок на далечина, учествуваше во новата кампања на компанијата Beohemija, во промовирање на премиум производ од семејството DUEL детергенти кои спаѓаат во категоријата производи “Најдоброто од Србија“. Кампањата, која овие денови може да се види на малите и големите екрани, ja создаде агенцијата McCann Белград, a новите производи кои ги промовира Ивана, се веќе на полиците.

“Пред се`, исклучително ми е драго што наша, а компанија која е светска по квалитет, ми укажа доверба. Секогаш кога моите обврски ми дозволуваат, сакам да прифаќам нови предизвици, а веднаш штом го видов сценариото за спотот знаев дека резултатот мора да бидат одличен, па затоа и прифатив да се најдам во нова улога и навистина беше задоволство да се соработува со искусен и талентиран тим на овој проект. Јас сум побогата за едно ново искуство и прекрасни пријателства кои ги добив во оваа прилика”, изјави Ивана Шпановиќ, светски шампион во скок на далечина.

“Брендот DUEL веќе долго време е пријател на потрошувачите на домашниот пазар. Преку посветеност на квалитетот и пласманот на нови производи дури и пред да ги побара пазарот, компанијата создаде нови, цврсти врски со обнова на постоечките. По повеќе од дваесет години на внимателно слушање на потребите на своите потрошувачи, компанијата Beohemija лансираше нова линија на премиум детергенти, за кои слободно може да се каже дека стојат рамо до рамо со светските производители”, изјави Драгана Секерез, маркетинг менаџер во компанијата Beohemija.

“Од самиот почеток, наидовме на силна врска помеѓу златниот сјај на Ивана Шпановиќ и новата линија на DUEL производите. Нивното заедничко потекло, желба и визија и срдечно вложување на труд за постигнување најдобри резултати беа темелите врз кои го поставивме креативниот концепт од кој произлезе емотивна приказна за посветеност, упорност и пожртвуваност кои неизбежно водат до успех и признание. Успеавме да раскажеме возбудлива приказна за предизвиците кои, како и Ивана, така и компанијата  DUEL успееја да ги надминат, за на крајот да застанат рамо до рамо со светските спортисти, односно производители. Нашите замисли за претставување на новиот DUEL производ со нас се дело на одличниот тим од продукциската куќа  Focused production и така настана рекламата на која сите сме горди, додаде Дивна Пешкир, копирајтер во McCann Белград.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365