Home » Во фокусот » Најдобриот хрватски тренер Златко Далиќ и популарното белгиско дуо 2manydjs доаѓаат на 11 Викенд Медиа Фестивал

Најдобриот хрватски тренер Златко Далиќ и популарното белгиско дуо 2manydjs доаѓаат на 11 Викенд Медиа Фестивал

Викенд Медиа Фестивал за своето 11-то издание подготви низа новости, од нови формати во програмата до нови сали и проширување на забавната програма на странски музички ѕвезди

Кога хрватската фудбалска репрезентација влезе во финалето на Светското фудбалско првенство во Русија, Хрватска стана една од најбараните поими на Гугл, објавени се милиони статии во кои се споменува и остварени се повеќе од 60 милијарди импресии. На денот на финалето, беа објавени повеќе од милион твитови, кои го вклучуваа зборот Хрватска. На тој начин, во еден месец, репрезентацијата и тренерот Златко Далиќ, освен постигнување на спортски мага успех, направија и историска промоција на Хрватска. Најдобриот фудбалски тренер на Викенд Медиа фестивалот ќе открие непознати детали од Русија и што и` донесе на Хрватска второто место на Светското првенство. Спортот, сигурно е еден од најдобрите адути во промоција на Хрватска, а како се промени и што се` вклучува модерното брендирање на земјата, на еден од панелите ќе ни покаже Хрватската туристичка заедница.

Што и да мислиме за нив, промените се неизбежни, границите се бришат, а табуата се рушат. Некогаш непожелна, индустријата на канабис денес е една од најбрзо растечките во САД. Барак Обама призна дека пушел марихуана, како и Зоран Милановиќ. За нејзините здравствени продобивки се зборува со години. Во Хрватска, медицинската употреба на марихуаната е дозволена, но кога болните ќе почнат самите да ја одгледуваат, добиват повеќегодишна затворска казна.

Дали и зошто да се легализира канабисот, како да се регулира овој пазар, дали како општество со легализацијата би имале корист, на предавањето, помеѓу останатите, ќе дискутира и др.Огњен Брборовиќ од Медицинскиот факултет, еден од најзаслужните за воведување на канабис за медицинска употреба.

Некои компании веќе го насочија своето работење кон индустријата на канабис која, според проценките на Бизнис Инсајдер, во следните четири години на глобално ниво ќе има вредност од 32 милијарди долари. Во овој Викенд, одлучивме да го прашаме експертите да ни ја разјаснат малку пошироко легализацијата и нејзиното влијание врз економијата”, изјави Никола Врдољак, програмски директор на фестивалот.

На панелот Светот на младите останува (кога за тоа ќе одлучат постарите)”, припадниците на помладата генерација ќе ги срушат нашите предрасуди за себе создадени по дифолт од меѓугенерацискиот јаз и ни ја дадат својата визија за општеството, медиумите, бизнисот и актуелните прашања. Слушајте добро. Можеби ќе бидете изненадени.

“Оваа година решивме да воведеме нов формат во рамките на предавањата на кои ќе ни се претстават деца помлади од 18 години. Верувам дека на некој начин нивните ставови ќе ни ги отворат очите на сите и ќе ни покажат нови насоки за кои треба да започнеме да размислуваме“, додаде Врдољак.

Оваа година, Викенд подготви уште многу новости, нови сали и формати во рамките на програмата. На забавата во сабота наречена “Weekend Goes Global” за прв пат ќе настапат меѓународни ѕвезди, белгиското дуо 2manydjs. Марко Тоља и дивата на хрватската музичка сцена Зденка Ковачичек придружени со единствениот Џез оркестар на ХРТ, под диригентската палка на Мирон Хаузер, ќе настапат во четвртокот, а во петокот Bolesna braća ќе се погрижат за малку пожесток ритам.

“Една од новините на овогодинешниот Викенд е доаѓањето на светски познати музички имиња во Ровињ. Посетителите во старата фабрика за тутун ќе уживаат со популарното белгиско дуо 2manydjs, а забавата сигурно ќе трае долго во ноќта. Џез оркестарот на ХРТ под диригентската палка на Мирон Хаузер, Зденка Ковачичек и Марко Тоља ќе му оддадат почит на големиот Оливер Драгојевиќ, а ќе се потсетиме и на кралицата на соул музиката, Арета Френклин. Нашите посетители повторно може да сметаат на забавите за кои ќе се зборува цела година”, изјави Томо Рицов, директор на Викенд Медиа Фестивал.

По минатогодишната одлична соработка со нордиските земји, оваа година со задоволство ги поздравуваме Германија и Франција, како партнери на фестивалот. Овие две земји го оставија тешкото минато зад себе и станаа важни столбови на европската интеграција. Амбасадорот на Франција, Corinne Brunon-Meunier и Harald Seibel, вршител на должност во амбасадата на Германија, истакнаа дека младите и динамични луѓе со користење на современите комуникациски технологии, даваат значаен придонес во меѓусебното разбирање и за слободна, прогресивна Европа.

Во духот на соработка, гостите од Франција и Германија ќе презентираат некои од инспиративните трендови од нивните земји. Тоа е првенствено Arte, европски канал за култура, кој е основан од страна на Франција и Германија, уникатно искуство и извонредна авантура, со кој во областа на културата и информациите зачекорија надвор од националните граници. Потоа Qwant, европски интернет пребарувач, кој се развива во Франција со германски капитал и има за цел да стане алтернатива на GAFA компаниите. Тука е и Gobelins, водечка школа за анимации во светот, како и многу други кои допрва ќе ги откриеме.

И оваа година, главен спонзор и сигурен партнер на фестивалот е Адрис група, која од самиот почеток го поддржува Викенд Медиа фестивалот и е незаменлив член на најголемиот регионален комуникациски фестивал.

“Ние сме горд домаќин и покровител на Викенд Медиа Фестивал од првиот ден. Во пресрет на почетокот на 11-то издание, вреди да се потсетиме зошто оваа соработка има повеќератно значење. Иако годишно организираме над 130 конференции и настани, Викенд Медиа Фестивал е секако, најголем, најпознат, најдолготраен и настан со кој сè започна пред десет години. Со инвестициите од 4 милијарди куни во развојот на туристичката понуда на највисоко ниво, создадовме услови Ровињ да стане посакувана и препознатлива дестинација за настани во регионот и во светот. За тоа голем придонес има и Викенд Медиа фестивалот. Овај фестивал донесува голема креативна енергија, ги носи најновите светски трендови во комуникациската индустрија и привлекува неколку илјади посетители во Ровињ, со што значително ја продолжува туристичката сезона и претставува одличен начин за промоција на оваа дестинација“, изјави Кристина Милјавац од Адрис група.

Како и секогаш, сите маркетери можат своите проекти да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи во регионот повторно ќе бидат претставени на најважните дигитални награди, SoMo Borac.

Уште подобар, позабавен и прониклив Weekend ве очекува во поранешната фабрика за тутун во Ровињ од 20 до 23 септември. Се гледаме!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365