Home » Во фокусот » Најдобрите реклами на Супербол по избор од креативните директори на I&F Group

Најдобрите реклами на Супербол по избор од креативните директори на I&F Group

Како дел од рекламниот блок за време на Супербол, некои реклами се истакнаа и издвоија. Погледнете го изборот на најдобрите реклами според мислењето на креативните директори на агенциите McCann во рамките на I&F Група, заедно со кратко објаснување на нивниот избор.

Амела Барлов, арт директор, McCann Сараево

Michelob ULTRA – Robots” е мојот фаворит. На брутален и оригинален начин е прикажано дека животната перфекција не вреди, ако не знаеме да уживаме во животот. Супер реклама и кратка, што ми се допаѓа, а се` е кажано.

Анука Путонен, креативен директор, McCann Хелсинки

Моја омилена е рекламата на Вашингтон Пост со Том Хенкс. Причината за тоа е фактот што имаме светски лидери кои ја обвинуваат слободата на печатот за ширење на лажни вести, па важно е да се потсетат луѓето дека постојат новинари кои ги дадоа своите животи во одбрана на правото на народот да се слушне вистината. Моќна кампања!

Даниел Вуковиќ, креативен директор, McCann Загреб

100 Billion Words by Google” – Покрај сите кампањи, кои се обидуваат да забавуваат, да шокираат, да се наметнат со необичноста или скапите славни личност, Google својата кампања ја темели на својата функционална услуга и еден вистински факт кој е прекрасен сам по себе и претставува надеж за сите луѓе дека светот може да стане подобро место

Џемил Омерика, сениор графички дизајнер, McCann Сараево

Devour“ – На интересен начин е прикажана зависноста од храна.

Газменд Пињоли, креативен директор, McCann Тирана

Microsoft: We All Win” – Прво емотивно ве допира, а потоа брендот дава значајна цел/улога и предизвик за решавање.

Џозефин Ричардс, креативен директор, McCann Стокхолм

Мојата омилена Супербол кампања мора да биде Skittles – мјузиклот. Ако сакате да ставите луда количина енергија на брендот во 30 секунди, зошто не би ја ставиле во 30 минутна Бродвеј емисија?

Сандра Вујовиќ, креативен директор, McCann Подгорица

The 100-Year Game“ – Зошто? Првенствено затоа што ја истакнува разликата помеѓу “работата“ и “животниот повик”. Само животниот повик може да се работи со голема страст и уживање, без оглед на времето и местото и станува наш начин на живот.

Владимир Ќосиќ, дигитален креативен директор, McCann Белград

Not Everything Makes the Cut“ – Значи, за разлика од многу брендови кои се обидуваат лажно да се претстават како скромни, емотивни, полни со разбирање, вистинити, искрени и топли за да ни ги продадат нивните производи, Амазон направи еден сет на реклами со познати личности и преку авто-иронија направи супер забавен спот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365