Home » Во фокусот » Најдобрите 5 Супер Бол реклами EVER

Најдобрите 5 Супер Бол реклами EVER

Во Недела, 2 Февруари, се игра големото Супер Бол финале каде годинава ќе се пресметаат екипите на Seattle Seahawks и Denver Broncos. Спортски настан кој години наназад го чува епитетот “Најгледан на ТВ“.

И ако за повеќето луѓе ова ќе биде вистинско спортско уживање во оваа игра (за чудо и во Македонија има многу фанови) со надеж за победа на нивниот фаворит, за нас кои за себеси велиме дека сме дел од маркетинг/ПР браншата и кои сме љубители на добрите комуникациски пораки во рекламите – тоа ќе биде настан на кој ќе видиме како нашите колеги од светот ги инвестираа  4-те милиони американски долари (сума која што требаше да ја платат за 30 секундна реклама).

Во текот на изминативе години откако започна рекламното лудило со Супер Бол рекламите, генерално гледавме слаби реклами кои брзо заминуваа во заборав – но и неколку (малку се) екстра добри на кои радо се сеќаваме.

Од она што успеав да погледнам од рекламите наменети за овогодинешното издание на Супер Бол, ниту една реклама не ми остави посебен впечаток освем можеби малку таа на Axe (многу повеќе заради промената на концептот од нивните претходни реклами отколку заради некој друг особен квалитет) – па во недостиг на квалитетни овогодишни реклами за промовирање… за  денеска ви спремивме 5 Супер Бол реклами од историјата прогласени како најдобри ever од Luerzersarchive.

1. Оригиналните жаби на Бадвајзер од 1995.

Иако во годините што изминаа после оваа реклама (и со новата агенција) Бадвајзер доби нови ликови (камеленони) и направи навистина одлична приказна, оригиналните жаби на Бадвајзер и токму оваа реклама подолу се заслужни за првичното брендирање на пивото кое прерасна во еден од лидерите на пивскиот пазар.

2. Пепси, “Фатен на Камера“ од 1996, реклама на BBDO

Пред Пепси да се одлучи за своите реклами да ангажира само celebrity, правеше не толку скапи реклами со одлични идеи. Ова е една од нив. Веројатно една од подобрите идеи за користење на камера за набљудување во реклама.

Во позадина оди песната на Ханк Влијамс “Your Cheatin’ Heart”.

3. Бриџстон, “Верверичка која вришти“ од 2008.

Класика,  не верувам дека некој не се сеќава на оваа реклама направена од The Richards Group од Далас. Ако мора да користиш животни – користи ги добро !

4. “The Force“  – промоција на Пасатот на VW од 2011 год.

Уште една класика…Star Wars, Једи, силата…

Сеуште ненадмината од производителот кој и оваа година ќе учествува со своја реклама.

 

5.  Крајслеровата “Произведено во Детроит“ од 2011 година, направена од Wieden + Kennedy.

Пример за одлична реклама. Реклама која гледачот ја чуствува и на која реагира. Ремек дело.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365