battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Кои се најголемите пивски ТВ огласувачи во Македонија?

Кои се најголемите пивски ТВ огласувачи во Македонија?

InStore во соработка со Nielsen Audience Measurement, објави преглед на огласувањето на категоријата пиво на ТВ-станиците во Македонија во периодот 01.12.2012 до 30.11.2013 година.

ТВ станици кои се земени во предвид се : „МТВ1“, „Сител“, „Канал 5“, „Алсат-М“, „Телма“, „Алфа“, „Сител 3“, „Канал 5+“, „МТВ2“, „МРТ“, „24 вести“ и „ЕРА“.

• Целна група тотал 4+.
• Период: 01.12.2012 – 30.11.2013 година, 24 часа од понеделник до недела.
• Број на инсталирани пиплметри: 560 во 400 домаќинства.

Варијабли во анализата се EQ GRP 30 на целната група тотал 4+ и нивниот удел.

-> GRP (Gross rating point) е збир на рејтингот од секој индивидуален спот.
– >EQ GRP или 30 секунди GRP е еднакво на GRP, што би се остварил кога должината на спотот би изнесувала 30 секунди.

Период: 01.12.2012 до 30.11.2013 година, 24 часа од понеделник до недела

Период: 01.12.2012 до 30.11.2013 година, 24 часа од понеделник
до недела

Како што може да се забележи од табелата, убедливо најголем пивски ТВ огласувач во истражуваниот период е Пивара Скопје со 19.032 Eq.GRP или 66,3% од целиот пазар, двојно повеќе од “Прилепска пиварница“.

Најогласувани пивски брендови во Македонија се : Скопско (47%), Златен Даб (25,2%) и Скопско радлер(13,6%), следени од Горско и Бадвајзер.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365