Home » Во фокусот » Најголемите компании и агенции од целиот регион на форумот IZAZOV 2016!

Најголемите компании и агенции од целиот регион на форумот IZAZOV 2016!

Вториот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2016 почнува утре и ќе трае до 3 март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград. Станува збор за интерактивен бизнис настан, прв од овај тип во регионот, наменет исклучиво за професионалците од областа на маркетингот, односите со јавност и дигиталните комуникации од компаниите и агенциите.

 IZAZOV 2016 - vizual

Темата на вториот регионален форум на комуникациски лидери ќе биде насочена на трендовите во интегрираните кампањи, за што ќе зборуваат претставниците на најголемите домашни и регионални агенции и комапнии. За состојбата на пазарот на маркетинг комуникациите во земјите од регионот, ќе зборуваат претставници на агенциите од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бих и Македонија. Темата на форумот ќе биде и што всушност продаваме – стратегија или/и идеја и што клиентите ценат повеќе, како и дали на маркетинг стручњаците им е место во топ менаџментот на компанијата и како да го освојат ова место.

Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалогот помеѓу агенциите и компаниите, низ различни видови на интерактивни работилници. Во текот на траењето на форумот, своите студии на случај на агенциите ќе им ги претстават и компаниите: IKEA Србија, LOREAL Adria-Balkan, Војводинска банка, Vip Mobile, Delta Holding, Eurobank, UNIQA осигурување, Societe Generale банка, Infostud, Ушче Shopping Centar, Microsoft Србија и многу други. 

Оваа година на форумот IZAZOV 2016 ќе имаме прилика да ги нагостиме и претставниците на најголемите регионални компании Agrokor и Franck, како и најголемата глобална компанија Google. Освен тоа, ќе биде претставено и најновото истражување на состојбата на струката во регионот, кое беше направено заедно од страна на Marketing mreža и истражувачката агенција MASMI, а за прв пат на еден ваков настан ќе биде организиран и креативен тимбилдинг на тема односи на компаниите и агенциите.   

„Многу од предизвиците со кои денес се соочува струката се последица на глобалните промени, трендови и тенденции, но и локални или регионални околности, на кои можеме да влијаеме. Затоа е неопходно по пат на разни бизнис настани да се поврзат комуникациските професионалци, да им се обезбеди конструктивен дијалог и размена на искуства, како би се укажало на предизвиците и актуелните трендови во професијата,  но и како би се работело на практичното унапредување на знаењето на стручњаците и вмрежувањето, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing mreža, кој е организатор на форумот IZAZOV 2016.

Форумот IZAZOV 2016 го поддржаа агенциите Pioniri Communications, Ovation BBDO, Headline, M2Communications, MASMI Белград, BeoExpo System, TAG Media, Homepage и DPC Group. Компанијата HEINEKEN Србија е овогодишен пријател на форумот.

Повеќе информации пронајдете на сајтот: www.izazovforum.rs

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365