Home » Во фокусот » „Најгрдите“ вести од годината поставени на „грди“ божиќни џемпери

„Најгрдите“ вести од годината поставени на „грди“ божиќни џемпери

Еден тренд помеѓу брендовите кој не запира е создавањето на специјално дизајнирани „грди“ божиќни џемпери. Популарната кампања на Кока Кола за Coke Zero од 2013 година го популаризираше овој феномен, кон кој потоа се приклучија и други брендови како Burger King и Liquid-Plumr.

Додека овие џемпери беа наменети за забава, новата кампања на финскиот дневен весник Helsingin Sanomat, реализирана со помош на агенцијата TBWA\Helsinki, додава доза на сериозност и ги спојува „грдите“ џемпери со „најгрдите“ вести од годината. Имено, дизајнот на џемперите е инспириран од најзагрижувачките теми кои беа актуелни меѓу светската јавност оваа година: климатски промени, пластика во океаните, сексуално вознемирување, технолошки манипулации и војни.

Џемпер „Војна“

„Вистината е столбот на новинарството, без разлика колку е таа „грда“. Не смееме да се срамиме од проблемите кои се тешки и мораме да се соочиме со нив. Затоа овој Божиќ и буквално ќе ги носиме на нас. Наша е одговорноста да ги држиме овие теми отворени во јавноста и да ја подигнуваме свеста за нив, се’ додека тие не се решат,“ изјави главниот уредник на весникот, Кајус Ниеми.

Мотото на кампањата е „Можеби вистината е грда, но таа никогаш не излегува од мода“, потстувајќи не’ колку е всушност важна улогата на новинарството во нашите заедници. Џемперите ќе бидат испратени до водечки светски личности кои се соочуваат со споменатите проблеми како нобеловецот Марти Ахтисари и основачот на движењето #MeToo, Тарана Бурк, а ќе бидат проследени и со детални статии за различните проблеми.

Џемпер „Климатски промени“

Џемпер „Пластика во океаните“

Џемпер „Сексуално вознемирување“

Џемпер „Технолошки измами“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365