Home » Во фокусот » Најпосетувани македонски веб сајтови за април 2015 година

Најпосетувани македонски веб сајтови за април 2015 година

Продолжуваме со update на прегледот на најпосетуваните портали според мерењата на Гемиус, овојпат за месец април 2015 година.

Како што напоменавме и во претходниот преглед (за февруари), забележливо е дека неколку водечки портали од изминатите прегледи повеќе не се дел од мерењата на Гемиус, што секако ја нарушува релевантноста на споредбата на резултатите со тие од претходно и кредибилитетот на самиот сервис, но Гемиус сеуште засега останува единствен официјален мерач и истражувач на македонската интернет публика.

Рангирањето за месец април 2015 ќе го презентираме по 4 параметри ( Reach, Visitors (Real Users), Page Views  и Visits).

  • Прв параметар по кој ќе го прикажеме рангирањето на веб сајтовите за месец април ќе биде според Reach т.е. според процентот на посетители (real users) кои погледнале најмалу една веб страна од веб сајтот за определеното мониторирано време споредено со вкупниот број на активни интернет корисници во истиот временски период.
Reach april

Source: Gemius, gemiusAudience, April 2015

Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на следниов ЛИНК

  • Ако Reach-от го претставиме во апсолутни бројки, односно според Visitors (Real Users)  вистински корисници, параметар кој претставува број на луѓе (не компјутери или кукис) кои барем еднаш во мониторираниот период (april 2015) посетиле најмалку една страна од мониторираниите веб сајтови:
visitors (real users) april

Source: Gemius, gemiusAudience, April 2015

Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на следниов ЛИНК

  • Нареден параметар по кој ќе го прикажеме рангирањето ќе биде Page Views – т.е. бројот на прикажани страни од еден веб сајт во рамки на пребарувачот на посетителот (т.н. број на импресии).
page views , april

Source: Gemius, gemiusAudience, April 2015

Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на следниов ЛИНК

  • За крај, ќе го покажеме ранкингот според Visits, односно вкупен број на посети на еден портал, генериран од интернет корисниците во определениот временски период.
Visits, april

Source: Gemius, gemiusAudience, April 2015

Целиот ранкинг по овој параметар можете да го видите на следниов ЛИНК.

Повеќе информации за методологијата и рангирањето можете да видите на Audience.mk од каде што овие податоци се преземени и каде месечно се објавуваат најновите извештаи за ранкингот по овие параметри.

Овие метрики се само еден мал индикатор, една мала помош плус, при изборот на веб медиум кој е најпогоден за вклучување во медиа планот за следната кампања на нашиот клиент, но секако тие неможат да ни бидат одлучувачки бидејќи е неразумно во предвид да не се земе дополнителна анализа на содржината на веб медиумите, кредибилитетот кој таа го има кај нашата целна публика, како и дополнителна анализа на демографските и психографските карактеристики на читателите на определениот портал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365