Home » Во фокусот » Кои беа 10-те најуспешни агенции во Србија за 2012 година ?

Кои беа 10-те најуспешни агенции во Србија за 2012 година ?

Прелиминарниот извештај за најуспешните агенции од Србија, кој деновиве беше објавен од “taboo магазинот“, ги опфаќа 10-те најуспешни агенции кои оствариле најдобри финансиски резултати во 2012 година. Може да се забележи дека ова се истите топ 10 и од минатата година, но овојпат со изменет редослед.

Забележително е дека целата оваа група на “Топ 10 агенции“ во 2012 година оствариле значително подобри економски резултати и зголемен приход споредено со 2011 година, што го поставува прашањето што придонесе за толку подобар финансиски перформанс на агенциите од соседна Србија?

Дали тоа големите огласувачи таму нешто особено ги зголемија своите маркетинг буџети (српските колеги констатираат дека тоа е малку веројатно), дали на пазарот се појавија нови огласувачи (ништо значајно не е приметено) или маркетинг агенциите добија некои нови подобри менаџери за продажба (луѓе кои склучиле големи договори) ??? Или сепак фактот што 2012 беше изборна година придонесе многу агенции да добијат прилично големи ангажмани ?

Се чини најдобро ќе покаже извештајот за 2013 кога ќе се види дали овој тренд на пораст ќе биде зачуван.

Агенцијата Комунис со екстра пораст на приходите

Најголем пораст на приходите забележа агенцијата Комунис (Communis) – од 323 милиони динари на 1,1 милијарда динари , што е неверојатен раст од 750 милиони динари.

Исто така Комунис по прв пат е и лидер во остварена нето добивка, следена од MMS Communications, Kreativa Unlimited , Draftfcb Afirma и лидерот по остварени приходи – GREY.

Еве за орентација колку тоа би било во македонски денари.

1.00 RSD

=

0.542676 MKD

Serbian Dinar

Macedonian Denar

1 RSD = 0.542676 MKD

1 MKD = 1.84272 RSD

Добар пораст на приходите споредено со претходната година оствариле и MMC Communications (од 645 на 836 милиони динари), New Moment New Ideas Company (од 315 на 500 милиони динари) и  Fullhouse Ogilvy (со 250 на 374 милиони динари).

во 000 динари

во 000 динари | клик на сликата за зголемен приказ

Вкупниот пораст на приходите на “Топ 10 агенциите“ за 2012 споредено со претходната година е за околу 30% или речиси 1,4 милијарди динари.

Повеќе од половината на овој нов приход е остварување само на Комунис.

Кога со овие резултати ќе се разгледува уделот на агенциите во рамки на “Топ 10 групата“ се забележува дека иако Греј (Grey) е сеуште доминантна агенција како и лани разликата со втората агенција е прилично намалена.

Еве споредба на “силите“ 2012 год. со 2011 год.

Marketing agencii, Marketing365, udel na pazar

Уште еден интересен податок кој би го издвоиле тука е варијацијата на бројот на вработени во агенциите во Србија.

Маркетинг365 / маркетинг агенции

Повеќе финансиски параметри околу прелиминарниот извештај за остварувањата на “Топ 10 агенциите“ од Србија можете да прочитате на следниов линк.

Информациите за оваа статија се преземени од http://taboomagazine.org

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365