Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ потврди дека не и пречи Подравка да го нарече својот нов производ „Чоколинда“.
Кандидатот на ХДЗ во претседателската кампања откри дека на раководителите на Подравка им дала согласност новиот производ да го именуваат Чоколинда.
„Сигурна сум дека овој производ би се продавал добро и на домашниот и на странскиот пазар. Можат да смеат на моја сметка колку што сакаат, но важно е да расте нашата држава и економија“, потенцираше хрватската претседателка.
Кованицата “Чоколинда“ настана по “бурата“ од реакции за време на нејзиното доделување подароци во декември 2016 година на деца во Дубровник. Имено, во пакетот беа вклучени чоколадата на српската компанија Пионир, па затоа Колинда Грабар Китаровиќ им се извини на децата и на јавноста за тоа.
Тоа, пак, предизвика лавина негативни коментари низ целиот регион, а мини-аферата со чоколадото „Мони“ ја пренесоа и странските медиуми. Аферата веднаш беше наречена – Чоколинда.