Home » Во фокусот » Наташа Дуковска “Интерен PR – Забавно сериозно или сериозно забавни “

Наташа Дуковска “Интерен PR – Забавно сериозно или сериозно забавни “

Минатата седмица во хотел Александар Палас се оддржуваше овогодинешниот Training EXPO 2014, на кој излагања имаа повеќе истакнати предавачи и успешни менаџери од Македонија и Балканот.

За нас наjинтересна беше темата од вториот ден насловена како “ПР во рамки на човечките ресурси“ на која Наташа Дуковска, директорката на македонската ПР агенција Навигаторс, сподели повеќе размисли за поуспешно практицирање на односите со интерната јавност т.е. вработените.

Наташа Дуковска - Навигаторс

Наташа Дуковска – Навигаторс

Во продолжение дел од повпечатливите поенти во одличното излагање на Наташа:

“Интерниот PR изгледа како да е потценет, а тој може да биде поважен од PR-от за широката јавност.

Вработените во една компанија се и амбасадори за неа, за нејзините производи, потврда на корпоративниот дух. И не се единствено вработените, туку и нивните најблиски, кои можат да дојдат до идеја за каква компанија станува збор.

Интерен информатор, happy hour, социјални медиуми, состаноци, табли, дел од ентериерот како потстетник на важните начела се само дел од алатките за интерен PR.

Интерниот PR може да води до PR за широката јавност, бидејќи медиумите јано публикуваат листи за најдобри, најинвентивни работодавци и повторно ваквото “црно на бело” признание е мотивацијата за самата компанија, нејзините вработени кои стануваат полојални и попосветени, како и потенцијалните вработени кои посакуваат да се дел од таквата компанија, а во крајна линија и до деловната и до широката јавност.

Одвојте време да размените информации за тековна работа, да ја потврдите мисијата и визијата и тоа по хоризонтала, вертикала и дијагонала. А мисијата на една компанија не треба да ја знаат, туку и да ја разберат сите, да се поистиоветуваат и да придонесуваат на максимален можен начин.“

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365