Home » Во фокусот » National Geographic со одлична кампања за спас на големите мачки ширум светот

National Geographic со одлична кампања за спас на големите мачки ширум светот

Се бара изгубен мачор по име Арчи!

National Geographic и агенцијата Tin Man ги здружија силите со уличниот уметник Дин Ѕевс Колман за да лансираат емотивна кампања која има за цел да ја подигне јавната свест за спас на големите мачки ширум светот.

Колман исцртал „постер“ од 25 метри квадратни на плочникот на плоштадот Paternoster во Лондон, барајќи го изгубениот мачор по име Арчи. Меѓутоа, Арчи не е обичен мачор, туку величествен лав – животински вид чија популација се намалила за 90% во последните 75 години.

На „постерот“ бил испишан и текстот: „Дали сте го виделе Арчи? Последно виден како ужива под африканското сонце. Ние не можеме да го замислиме нашиот живот без Арчи, а вие? Големите мачки исчезнуваат од лицето на планетата.“

Како што минувачите се движеле низ плоштадот, „бркајќи“ ги своите секојдневни обврски, тие газеле врз постерот, несвесно бришејќи го и потсетувајќи нé за улогата која луѓето ја имаат во исчезнувањето на големите мачки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365