Home » Во фокусот » „Не игнорирај! Реагирај!“, кампања за подобра животна средина

„Не игнорирај! Реагирај!“, кампања за подобра животна средина

Институтот за комуникациски студии денеска го претстави почетокот на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

Целта на кампањата е да се зголеми притисокот кон јавните институции за поефикасно решавање на проблемите од животната средина и истовремено да се поттикне и насочи граѓанскиот активизам кон државните и локалните институции за прифаќање на концептот на одржлив развој.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ќе се реализира во текот на 2019 година и ќе биде поделена на три теми: одржливи градови, здрава околина и климатски промени.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ се реализира како дел од проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите“, кој е финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365