Home » Во фокусот » „Не победувајте за да прославите. Прославете за да победите“

„Не победувајте за да прославите. Прославете за да победите“

Со новата кампања, брендот Maison Mumm сака да ја поистовети брилијантната кариера на Усеин Болт со неговиот слоган

Брендот Maison Mumm, дел од Martell Mumm Perrier-Jouët, линијата на престижни коњаци и шампањи на Pernod Ricard, ја претстави својата нова мултимедијална меѓународна кампања која започна на 2 ноември,  со бренд амбасадорот Усеин Болт.

Кампањата, која што за брендот ја изработи француската агенција Buzzman, ја претставува новата платформа на брендот: „Прославете ја својата следна победа“. Оваа порака претставува основата на новата насока на брендот, а фокусирана е на самодовербата и позитивното размислување.

Импресивната кариера на Усеин Болт е резултат на неговата одлична состојба на умот која ја карактеризира беспрекорен оптимизам и позитивизам, но и напорен тренинг. Оваа единствена ментална сила му овозможува да ги освојува трките дури и пред да започнат, а тоа се вредностите кои брендот сака да ги промовира во својата нова кампања.

Спотот кој го режираше Luis Cervero (Pharell Williams, Justice …), го носи славниот спортист и поранешната придружничка на Мис Универзум и Мис на Јамајка, Јенди Филипс, со музичка трака од TKAY. Свечената и фасцинантна атмосфера на видеото е осмислена како одраз на извонредната кариера на Болт.

Со слоганот, „Не победувајте за да прославите. Прославете за да победите“ , оваа кампања отвара нова глобална платформа за Mumm шампањот наречена  „Прославете ја својата следна победа“, а лансирана е во сите дигитални медиуми.

Усеин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365