Home » Во фокусот » Не се само милениумците зависни од мобилните телефони (инфографик)

Не се само милениумците зависни од мобилните телефони (инфографик)

Додека маркетерите и огласувачите се обидуваат да се движат кон постојано менување на мобилниот пејзаж, ризикуваат да паднат во замка: може да подлегнат на искушението да се насочат само на помладата генерација во нивните мобилни реклами. Новото истражување на агенцијата Портер Новели покажува дека милениумците и припадниците на генерацијата Z во САД не се единствените што се залепени за нивните телефони. Речиси половина од постарите лица поседуваат паметен телефон, а 38% од нив имаат мобилен телефон кој не е паметен телефон.

Шеесет и два проценти од луѓето постари од милениумците, ги користат своите телефони во текот на целиот ден. И покрај тоа што генерацијата Z (помлади од 20 години)  и милениумците (од 20-36 години) трошат најмногу време на социјалните мрежи (71 и 78 минути на ден, соодветно), ни постарите генерации не изостануваат многу, па поминуваат доста време на социјалните мрежи, околу 58 минути -генерацијата X (од 37-52 години), 46 минути-генерацијата на бејби-бумери (од 53-71 година) и 32 минути – “тивката генерација”(над 72 години).

Многу е важно е да се има добро разбирање за начинот на кој технологијата брзо се менува и како Американците се поврзани преку неа, што има огромно влијание врз нивното однесување, ставовите и потрошувачката на содржина“, изјави Џастин Грејвс, потпретседател за стратешко планирање, анализа и истражување во компанијата Портер Новели.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365