Home » Во фокусот » NEM 2018 најпосетен досега!

NEM 2018 најпосетен досега!

NEM 2018, конференцијата посветена на ТВ-индустријата со фокус на Централна и Источна Европа, се одржа минатата недела од 11 до 14 јуни во хотел Дубровник Палас во прекрасниот Дубровник. Шеста година по ред, NEM ја отвори вратата за медиумските експерти собирајќи рекордни 800 учесници. Со повеќе од 50 панелисти, врвни експерти кои го споделија своето знаење и искуство со публиката и колегите, оваа година NEM привлече бројни посетители од целиот свет.

Најактуелни теми и емотивни презентации

NEM 2018 година ќе биде запаметен по интересните панели, вклучувајќи ги “Игра на pay TV и дигиталните содржини“, каде Салим Мукадам, генерален директор и потпретседател на БиБиСи за Централна и Источна Европа, рече дека “луѓето се платформски агностични и одат онаму каде што е содржината”. Фокусот на NEM 2018 година на локално произведената содржина го потврди и Катарина Бехрендс, главен директор на NBCUniversal за Централна и Источна Европа, посочувајќи дека pay TV каналите треба да се прилагодат на локалните заедници.

На ден пред почетокот на Светското првенство, се позанимававме и со една од моментално најактуелните теми – високата цена на фудбалските права, која е резултат на мноштво фактори. Алекс Ротер од Mediapro изјави: “Спортот е единственото нешто што може да собере голем дел од публиката во одредено време. Иако најголем интерес постои за локалната лига, побарувачката за премиум интернационални содржини како што е Лигата на шампиони или топ 5 европските лиги, несомнено постои. “

Два панели посветени на локалната продукција ни покажаа дека кај поголемиот дел од FTA каналите, локалните содржини наидуваат на најдобар одзив кој публиката. Хенинг Тевес, извршен директор на RTL Хрватска, Матијас Сетл, генерален директор на TV Markiza, Дражен Марвич, извршен директор на Нова ТВ, Габриела Видус, генерален директор на РТЛ Унгарија и Пит Смит, директор на Antenna Intenational, заклучија дека недостасуваат квалитетни сценаристи и дека главните недостатоци на локалната продукција се нејзината цена и ризиците кои произлегуваат од неа, кога станува збор за помладата публика и дигиталните трендови.

Дискутирајќи за пиратеријата во регионот, Дамир Новиниќ, помошник на генералниот директор на ХРТ, рече дека за оваа ситуација можеме да се обвинуваме само самите себе си: “Пиратеријата е во пораст, бидејќи ние го дозволуваме тоа. Многу сме инертни и многу бавно реагираме.” Дамир Хајдук, директорот на Агенцијата за електронски медиуми, заклучи дека “постои култура на пиратеријата со која мора да се соочиме” и се согласи со другите панелисти дека соработката меѓу засегнатите страни е клучен чекор во решавање на проблемот со пиратеријата .

Една од најинтересните презентации беше дефинитивно онаа на Араш Пендари за примената на вештачката интелигенција во ТВ-индустријата. За разлика од традиционалните површни мета-податоци,  тимот на Араш од Vionlabs одлучи да оди во потполна нова насока, со користење на емоционални аудио-податоци за да им обезбеди на корисниците напредно корисничко искуство со персонализирани содржини и филмски најави генерирани со користење на вештачка интелигенција.

Поглед во иднината ни овозможи и LG Electronics, обезбедувајќи увид во една сосема нова телевизиска ера во презентацијата на Ѓерѓ Такас. Бескрајните можности на овај неверојатен ТВ кој обезбедува најдобро доживување при гледање, го прави LG OLED TV лидер во премиум технологиите со ненадминат квалитет на сликата, одличен дизајн и паметна вештачка интелигенција.

Како да се модернизира бренд стар 130 години, во емотивна презентација објасни Кристијан Брент, виш потпретседател за глобалното истражување и стратегија во National Geographic.

Како и секоја година досега, учесниците и посетителите на NEM на ексклузивни проекции беа во можност да ги видат новите формати на познатите дистрибуциски куќи, што се Global Agency, Norwegian Broadcasting Corporation, MGM, BBC Studios и Keshet International.

Вмрежување на секој чекор

Можности за вмрежување и дружење имаше на секој чекор, а паузите за кафе беа спонзорирани од страна на Viacom, Comcast, А1 Broadcasting и Turkish Airlines, а да не ја заборавиме и кафе паузата со Viacom “Happy Hour” и дегустација на вино со Pickbox во соработка со винаријата Jakovac.

Сепак, реалното вмрежување се одржа на традиционални вечерни забави. Првиот ден започна со пијалок за добредојде под покровителство NBCUniversal и Comcast на убавото зајдисонце, вториот ден беше заокружен со ексклузивната забава на плажата Вала под покровителство на Eutelsat, а за ексклузивното затворање на NEM-2018 се погрижи FOX Networks Group со забава во клубот Banje Beach во самиот Дубровник .

NEM 2018 уште еднаш покажа дека NEM е ексклузивна и значајна конференција во медиумската индустрија, како и дека е верен партнер на своите посетители. Тимот на NEM би сакал да им се заблагодари не само на спонзорите и учесниците,туку исто така и на повеќе од 30 медиумски партнери кои ја следеа конференција и редовно известуваа за неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365