Home » Во фокусот » Неотел и Division со нова интересна кампања – „Толку брз“

Неотел и Division со нова интересна кампања – „Толку брз“

Новите интернет и ТВ пакети на Неотел на несекојдневен начин се претставени во новата кампања изработена од маркетинг-агенцијата Division. Рекламата која го освои интернетот за помалку од 24 часа, можете да ја погледнете подолу:

Целта на оваа кампања е да се претстават услугите на телекомуникацискиот оператор, кој нуди супер брз интернет, како и стабилна и сигурна конекција по промотивна понуда која не треба да се пропушти – и да, Толку е брз!

За тоа како е создадена духовитата реклама, поразговаравме со претставници од креативниот и продукцискиот тим.

“Повторно главната цел беше да се долови брзината која Неотел ја нуди на своите корисници. Секогаш е забавно кога имаме одврзани раце од нашите клиенти да си играме со неколку похрабри концепти, па тоа и го направивме“, велат од Division.

Снимени се четири кратки рекламни спотови на кои во најразлични ситуации преку екстремно брз тек на времето, се добива комичен исход.

Останатите три реклами можете да ги погледнете подолу:

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365