Home » Огласи за Маркетинг/ПР работа » Нептун вработува маркетинг координатор

Нептун вработува маркетинг координатор

Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на:

МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • ВСС;
  • Најмалку 2 години работно искуство на исти или слични работни задолженија. Предност имаат апликантите со претходно работно искуство на работни места Account Executive или Account Assistant во маркетинг агенции;
  • Способност за работа под притисок и запазување на временски рокови;
  • Насоченост кон постигнување на резултати;
  • Високо развиени вештини на идентификација и истражување на проблеми;
  • Развиени ефективни комуникациски вештини (говорни и пишани);
  • Способност за тимска работа;
  • Одлично познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet;
  • Одлично познавање на англискиот јазик (пишан и говорен);
  • Возачка дозвола – Б категорија;

Одговорности и работни задачи:

  • Осмислување, реализирање и следење на  севкупните маркетинг активности на Компанијата;
  • Комуникација и координација на маркетинг активностите со локални и странски добавувачи на Компанијата;
  • Комуникација и координација на активности поврзани со  маркетинг подршката на малопродажната и големопродажната мрежа на Компанијата;
  • Администрација на документи и следење на буџетот на  маркетинг проектите за кои е задолжен;
  • Следење на социјални медиуми и комуникација преку истите канали во името на Компанијата;
  • Вршење сродни активности по налог на претпоставените раководители;

Што нудиме?

Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
Континуирана обука и можност за напредување;
Почетна основна нето плата во износ од 25.000 денари;
Работа од понеделник – петок (09:00h-17:00h);

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место  испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака:  “Маркетинг Координатор”

Огласот е активен до 10.01.2015 година

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање – CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365