battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Nestea, win-win стратегија на Coca Cola и Nestlé ?

Nestea, win-win стратегија на Coca Cola и Nestlé ?

Многу пати досега во Македонија сме слушнале коментар од типот : кој го произведува Nestea  брендот на леден чај и зошто компанијата ја нема никаде ?Одговорот ќе го најдеме подолу..

Успешната алијанса (joint venture agreement) помеѓу Coca Cola и Nestlé  го донесе на пазарот овој бренд на леден чај кој што го имаме во повеќе вкусови : лимон, праска итн.

Nestea

Она што ја прави оваа алијанса поразлична од другите алијанси е што името на овој бренд (Nestea) содржи и дел од името на едната компанија партнер во алијансата (Nestlé).  Зошто е тоа така ?

Всушност, овој вид на стратегија паѓа по договор и затоа оваа алијанса е наречена «joint venture agreement со потпис на едната компанија» .  Во овој случај потписот (signature) го носи Nestlé бидејќи името на оваа компанија е «good fit» на оваа категорија на производи.

Кои се придобивките на Coca Cola и Nestlé од оваа алијанса ?

Двете корпорации инвестираа подеднакво (win-win) од самиот почеток па се до финализирање на производот (и секако дополнителните трошоци за маркетинг се 50%-50%). И двете корпорации го делат профитот подеднакво. Но сепак Nestlé ја има поголемата придобивка бидејќи се лансира во нова бренд екстенција (brand extension) и тоа во различна категорија на производи: леден чај. Оттука Nestlé си ја гради сликата во оваа категорија производи а Кока-Кола продолжува истиот пијалок да го продава под сосема друг бренд – Fuze.

Доколку еден ден се види можност за нови екстензии (brand/line extensions) во некои слични категории сигурно дека оваа стратегија на Nestlé има голема можност да се покаже како успешна.

Во секој случај може да се каже дека Nestea брендот е прилично успешна приказна на Coca Cola и Nestlé, кој пополека почнува да ги освојува потрошувачите ширум светот.

Сепак овој бренд во моментов има помал удел на пазарот од уште попознатиот бренд на леден чај Lipton кој настана како резултат на соработката помеѓу Unilever и Pepsi Co.

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365