Home » Во фокусот » Нестле брендовите без пластика во пакувањето

Нестле брендовите без пластика во пакувањето

Компанијата воведува алтернативни материјали за пакување во своето глобално производно портфолио

Кондиторскиот гигант Нестле објави дека ќе започне да ја да фрла пластичните цевки од своите производи и да работи на биоразградливи шишиња за вода за да го намали пластичниот отпад.

Нестле воведува алтернативни материјали за пакување во своето глобално портфолио на производи, како дел од својата заложба за 100% од амбалажата да може да се рециклира или повторно да се користи до 2025 година.

“Иако сме решени да ги следиме можностите за рециклирање таму каде што е изводливо, знаеме дека рециклирањето од 100 проценти не е доволно за успешно решавање на кризата на пластичниот отпад. Мораме да ги поместиме границите и да направиме повеќе”, изјави директорот на Нестле, Марк Шнајдер.

Почнувајќи од следниот месец, компанијата ќе ги елиминира сите пластични цевки од своите производи и ќе почне да користи хартиена амбалажа за Nesquik во првиот квартал од 2019 година и за Yes! snack баровите во втората половина на 2019 година. Smarties, исто така, ќе има пакување без пластика во 2019 година.

“Нашата поширока визија и акционен план укажуваат на нашата посветеност и специфичен пристап во решавањето на проблемот со отпадот од пластика”, вели Шнајдер.

Nestlé Waters ќе ја зголеми содржината на рециклирана амбалажа во своите шишиња на 35 проценти до 2025 година на глобално ниво и ќе достигне 50 проценти во САД, со посебен акцент на легендарниот бренд Poland Spring. Исто така, ќе ја зголеми содржината на рециклирани амбалажи за своите европски брендови, вклучувајќи ги и Acqua Panna, Buxton, Henniez и Levissima до 50 проценти до 2025 година.

Институтот за пакување на Нестле истражува нови материјали базирани на хартија и биоразградливи / компостибилни полимери кои исто така можат да се рециклираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365