Home » Во фокусот » Нестле ги купи правата за продажба на производите на Старбакс

Нестле ги купи правата за продажба на производите на Старбакс

Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле објави денеска дека ќе плати 7,15 милијарди американски долари за правото на продажба на производите на Старбакс надвор од кафетериите на овој американски синџир.

Старбакс на Нестле му го продаде трајното право на продажбата на производите од кои годишно остварува приходи од две милијарди долари.

Договорот не ги вклучува кафулињата на Старбакс, но Нестле, спроед договорот, ќе преземе околу 500 работници на Старбакс во Сиетл.

Трансакцијата би требало да биде заклучена до крајот на годината, а двете страни треба да ги добијат уште дозволите од регулаторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365