Home » FMCG » Нестле не успеа да го заштити обликот на чоколадата KitKat

Нестле не успеа да го заштити обликот на чоколадата KitKat

Компанијата Нестле доживеа пораз во Европскиот суд на правдата, бидејќи не успеа да го заштити обликот на своите чоколади, кој се состои од четири штангли

Европскиот суд ја отфрли жалбата на Нестле, со која сакаше да ја преиначи претходната пресуда против компанијата, пренесува Ројтерс.

Од 2002 година, Нестле се обидува да добие заштитен статус за своите КитКат чоколада, но Европскиот суд ги “сруши” нивните надежи.

Најновата пресуда најверојатно ќе им донесе олеснување на љубителите на норвешките чоколади Kvikk Lunsj кои се со слична форма, а нејзиниот производител, Mondelez, може да продолжи да го продава овој бренд низ цела Европа.

Овие чоколади се појавија на пазарот во 1937 година, две години откако KitKat првпат се најде на полиците во Обединетото Кралство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365