Home » Во фокусот » Нетфликс со соопштение за плановите за воведување на реклами

Нетфликс со соопштение за плановите за воведување на реклами

Netflix издаде соопштение после заканата од страна на корисниците дека ќе ја напуштат платформата поради воведувањето на реклами

По појавата на гласини дека Netflix воведува реклами, оваа платформа за видео стриминг одлучи да ги разјасни работите, објавувајќи дека тестираат видео промоции помеѓу епизодите и филмовите.

Овие тестирања беа воведени минатата недела, а корисниците започнаа дебата на Reddit, тврдејќи дека виделе видео реклами помеѓу епизоди, кои не можеле да се прескокнат, додека други го забележале копчето “прескокнете”.

И додека корисниците се закануваат дека ќе ја напуштат платформата поради воведувањето на рекламите, Netflix во петокот објави: “Тестираме дали препораките меѓу епизодите им помагаат на членовите да ги откријат побрзо приказните во кои ќе уживаат. Важно е да се напомене дека членовите можат да ги прескокнат видеата во секое време, ако не се заинтересирани за нив. “

Портпаролот на Netflix додаде дека видеата не се огласи или реклами, туку персонализирани препораки за други серии и филмови што се нудат. Компанијата тврди дека тие спроведуваат стотици тестови годишно, од кои повеќето не се усвоени.

Прегледот на видеа за време на избор на содржината беше додаден во 2016 година, а Netflix открива дека значително е намалено времето што луѓето го трошат за “пребарување”. Оттогаш тие експериментираат со различни типови видеа како што е овај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365