Home » Во фокусот » Ники Минаж, Гучи Мејн, Бела Торн, Томи Дорфман и уште многу други ѕвезди во новата кампања на Дизел “Hate Couture“

Ники Минаж, Гучи Мејн, Бела Торн, Томи Дорфман и уште многу други ѕвезди во новата кампања на Дизел “Hate Couture“

Модната компанија одлучи да испрати силна порака против онлајн злоупотребите и говорот на омраза, преку инкорпорирање на навредите на нивните нови креации

Дизел и Публицис Италија започна нова бренд кампања со која брендот се вклучува во борбата против онлајн злоупотребата, со помош на голем број на познати личности, вклучувајќи ги и Ники Минаж и Бела Торн, кои носат облека со коментарите на омраза кои ги добиле на социјалните медиуми.

Кампања која соодветно е неречена “Hate Couture“ вели дека “што повеќе омраза носите на себе, толку помалку ви е грижа за тоа.”

“Тоа е повеќе од спот. Се работи за обид да ги охрабриме луѓето да не ја сфаќаат сериозно онлајн омразата”, вели Бруно Бертели, глобален главен креативен директор на Publicis Worldwide и главен извршен директор на Публицис Италија.

Најновиот спот, како што споменавме, вклучува голем број на ѕвезди, кои и самите се контроверзни, вклучувајќи ги Ники Минаж, Гучи Мејн, Бела Торн, Бриа Винаит, Томи Дорфман, Мајлс Хајзер, Јована Вентура, Барби Фереира, Ју Ах-Ин и Џонатан Белини. Во спотот ги гледаме овие познати лица како преку танц и иронија ја прославуваат омразата која ја доживеале, на тој начин промовирајќи ја пораката на кампањата.

Тие ги избраа најлошите коментари кои некогаш ги добиле на социјалните мрежи, а потоа брендот дизајнираше облека за секој од нив. Во спотот Бела Торн, на пример, танцува во излог со црвени светла со зборот „slut“ на облеката.

Но Дизел не се задржа само на спотот. Целиот концепт е пренесен и во реалниот свет, односно брендот направи линија на јакни, кошули и фустани, кои ќе ги содржат зборовите како „slut“, „fagot“ и „fuck you“” на нив и кои ќе им се продаваат на купувачите.

Во кампањата учествувале и 150 други инфлуенсери на социјалните медиуми, кои направија своја облека со најлошите пораки кои ги добиле и кои ќе креираат содржини на нивните канали носејќи ја оваа облека. До крајот на следниот месец, и самите корисници ќе можат да го сторат истото во продавниците.

Брендот, исто така ги нагласува и негативните коментари кои и самиот ги прима, како што се “Дизел е мртов”, “Дизел не е кул”, па и овие пораки се најдоа на излозите на нивните скоро 50 продавници низ целиот свет. Прилично храбар потег, кој е најдобро илустриран со фактот што во една продавница во Милано дошла полиција, мислејќи дека продавницата е вандализирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365