Home » Во фокусот » Нилсен ја купи австралиската компанија за медиска аналитика и софтвер Landsberry & James (L&J)

Нилсен ја купи австралиската компанија за медиска аналитика и софтвер Landsberry & James (L&J)

Нилсен планира да ги комбинира сопствените медиумски мерења со технологијата на компанијата L&J со цел да создаде сеопфатен преглед на медиумската анализа, инвестирањето во рекламирањето и планирањето на кампањите

 

Глобалниот лидер во областа медиумското мерење, компанијата Нилсен, ја купи компанијата Landsberry & James (L&J), која се занимава со медиумски аналитика и производство на софтвер за оваа намена, чие седиште се наоѓа во Сиднеј, Австралија.

L&J дизајнира, развива и продава софтверски решенија за целосен опсег на медиумска анализа, планирање, закуп и пост анализа за телевизија, дигитал,  радио, вложувањата во рекламирање и планирањето на кампањи.

Вложувањето на Нилсен во L&J може да обезбеди нова моќна понуда во која медиските мерења на Нилсен во комбинација со технологиите на L&J ќе отворат простор за создавање на сеопфатен преглед на анализа на медиумите, инвестициите во рекламирањето и планирањето на кампањите.

Тони Петра, меѓународен извршен потпретседател на Нилсен, изјави по овој повод: “Оваа аквизиција обезбедува можност да се комбинира најдоброто од нашите две организации од перспектива на мерење и софтвер. Резултатот од тоа ќе биде нашата способност да им ги обезбедиме најмоќните информации за огласувањето на медиумите и огласувачката индустрија низ целиот свет, користејќи ги најнапредните алатки за известување. “

Директорот на Нилсен за медиуми во Австралија, Моник Пери додаде: “Landsberry & James има долготрајни односи со клиентите на Нилсен во Австралија за софтвер кој обезбедува моќен увид во нашите податоци за рекламирање и дигитална база. Со години тесно соработуваме со Landsberry & James и ние срдечно им посакуваме добредојде на нивниот неверојатно иновативен и агилен тим во семејството Нилсен. “

Дејвид Лендсбери, извршен директор на Landsberry & James, додаде: “Веќе повеќе од 25 години, Landsberry & James се фокусира на пошироката слика; како да им ја доведеме на нашите клиенти најновата технологија во комбинација со најсигурната услуга што ја нуди индустријата. Сега, кога правиме голем чекор напред во иднината со Нилсен, ова е почетокот на нова возбудлива ера во која на нашите клиенти ќе им понудиме неспоредливи предности во производите и услугите во целиот свет. “

“Се радуваме што тесно ќе соработувеме со тимот на L&J во нашето работење со цел да ги подобриме, збогатиме и кохезивно испорачаме нашите медиумски решенија за клиентите”, додаде Петра.

Компанијата L&J има седиште во Сиднеј, Австралија и клиентска база од над 80 клиенти, вклучувајќи ги и големите медиумски агенции, огласувачи и радиодифузери ширум светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365