Home » Во фокусот » Nielsen: ”Mејнстрим потрошувачите се заинтересирани за виртуелната реалност”

Nielsen: ”Mејнстрим потрошувачите се заинтересирани за виртуелната реалност”

nielsen

Извор: hypebot.com

Прашањето дали виртуелната реалност ќе стане мејнстрим медиум на некој начин е еднаква како и дилемата ’’кој е постар- кокошката или јајцето’’. Некои велат дека потребно е да се креира доволно содржина како гаранција дека ќе се исплати набавка на скапи VR слушалки, додека други велат дека потребна е доволно опрема за корисниците со цел да им се даде и доволно добра причина на рекламните и медиумските компании за да инвестираат во овој медиум :)

Сепак, поголемиот дел од нас се уште немале можност да испробаат технологија за VR, без разлика дали тоа се однесува за поскапи системи како Oculus Rift или HTC Vive или пак поефтини и изводливи модели како Samsung Gear VR или пак Google Cardboard. Но недостапноста на опремата не ги спречува луѓето да се информираат околу виртуелната реалност и да ја погледнат од некој агол на интерес.

Во истражување спроведено од страна на Nielsen врз примерок од 8.000 потрошувачи добиени се податоци од резултати кои јасно укажуваат дека голем дел од испитаниците, всушност, се веќе подготвени за VR иако тој податок не е реално очекуван од било кој од нас. Според извештајот објавен пред помалку од 72 часа од страна на Media Lab Nielsen, речиси една четвртина (24 отсто) од испитаниците се изјаснале дека дека, најверојатно ќе користат или купат VR опрема во следната година. Други 20 % од испитаниците рекле дека не планираат да ја користат, но откако испробале и научиле некои базични чекори за вовед во виртуелната реалност интересот за овој медиум се зголемил.

“Рекламните агенции ќе бидат задоволни кога ќе ја добијата информацијата дека потрошувачите кои се заинтересирани за VR се потрошувачи од рангот ” трипл-А “: Не само што тие во раните фази прифаќаат нови производи и услуги, но тие исто се залагаат и чувствуваат емотивна поврзаност со брендовите кои ги користат “, изјави Harry Brisson, директор на лабораториски истражувања во Nielsen. “Тие, исто така, ги ценат премиум производите и услугите, за кои се подготвени да платат и премиум цена.”
За потребите на студијата, Nielsen на испитаниците им презентираше едно од 100те различни видеа поврзани со виртуелната реалност- како коментари за производи, новости за индустријата или анегдоти на креаторите или потрошувачите на производите на VR. Во согласност со добиените резултати истражувачите на Nielsen дошле до податок дека многу од испитаниците биле заинтересирани за VR или пак дека веќе се сметале себеси за “експерти “. Всушност, многумина се чувствуваат како познавачи за виртуелна реалност како што тоа го прават и за другите трендови на пазарот ( пр: како за најновите уреди за користење на мобилни уреди и сл.).

tampabay

Извор: tampabay

Видео клипови служеле како помошно средство за едукација на учесниците во истражувањето, Видеата прикажани на потрошувачите доаѓале од различни извори, вклучувајќи видеа со содржини споделени од производители на VR, видеа со вести, видеа од мрежи и видеа споделени од креатори на YouTube.

Ова всушност се добри вести за медиумските и рекламните компании кои веќе започнуваат да инвестираат во овој простор. Како што забележува Нилсен, 17 издавачи на овогодинешниот NewFronts имале презентации во кои вклучени биле и новости околу VR и 360-степени видеа презентирани во области во кои би биле вредни за инвестиција.

Во согласност со истражувачката компанија потрошувачите кои планираат да испробаат VR ќе потрошат речиси двојно повеќе средства отколку обичниот потрошувач за набавка на билети за одредени настани во живо, за ресторани и за купување на алкохолни пијалаци.

Исто така добиени се податоци дека за испитаниците да станат љубопитни не им било потребно премногу долго време, кај некои потрошувачи остварена била блискост и интерес во првите две минути. Nielsen изјави дека повеќе од половина од испитаниците покажале одредена веројатност за купување на VR по гледањето на видео.
Кај испитаниците кои за првпат испробале VR забележани се уште поголеми резултати. Во одделна студија, Нилсен, всушност, доведе 150 од испитаниците да испробаат VR слушалки во живо, што резултираше 68 отсто од испитаниците да изразат голем интерес за купување или користење VR по носењето на слушалки во студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365