Home » Во фокусот » Nielsen Total Audience: Помладата генерација го предводи растот на популарноста на гледањето ТВ надвор од дома

Nielsen Total Audience: Помладата генерација го предводи растот на популарноста на гледањето ТВ надвор од дома

Иако младите потрошувачи силно се свртуваат кон мобилни платформи, погрешно е да се мисли дека ја одбиваат линеарната телевизија. Тие само наоѓаат нови начини да ја следат

Сите знаат и постојано повторуваат дека младите потрошувачи, кои припаѓаат на Z генерација и милениумците, пронаоѓаат нови начини за гледање на видеа преку сè поголем број на нови технологии. Општо е прифатено дека овие млади гледачи се префрлаат на услугите на претплата на барање (SVOD) или гледаат содржини на нивните телефони и немаат никаков интерес за линеарната телевизија. Но, оваа претпоставка не може да биде подалеку од вистината.

Иако е вистина дека помладите потрошувачи го предводат растот на стриминг услугите, особено на нивните мобилни уреди, сепак тие сè уште бараат и висококвалитетни видео содржини на телевизија. Главниот тренд, сепак, е фактот што тие сè повеќе се дистанцираат од удобноста на своите домови во нивните навики за конзумирање медиумите (но и производите и услугите). Имено, сè повеќе млади ги следат ТВ содржините надвор од своите домови. Но, отсекогаш било тешко да се следи овој тип следење на ТВ содржини, а сега тоа е помогнато од услугата Nielsen Total Audience која ја мери гледаноста на сите платформи и уреди. Total Audience Measurement Framework на Nielsen претставува централен ресурс за следење, мерење и известување за сите начини на кои луѓето ја конзумираат содржината.

За да дознаеме нешто повеќе за оваа промена во навиките на потрошувачите, во Нилсен ги искористија сознанијата од својата мрежа за мерење на OOH (out-of-home) гледање на телевизиската содржина, да ги анализираат целосните податоци за гледаноста на ТВ во САД во текот на 2017 година, за лицата над шест годишна возраст. Резултатите покажаа дека 39% од вкупната гледаност надвор од дома (OOH) доаѓа од генерацијата Z (Gen Z) и милениумците! Ова е за 14% повеќе од националниот просек за оваа демографска група кога станува збор за гледање телевизиски содржини дома.

Во Нилсен беа заинтересирани и како изгледа целата ситуација со гледаноста надвор од дома кога се во прашање одредени жанрови на програмска содржина, како што се вести и спорт, па и тука забележаа поединечен раст на публиката, особено меѓу милениумците и генерацијата Z. Kaj жанровите најинтересна е ситуацијата со вестите. Имено, во националниот просек за гледање вести дома, бејби бумерите и постарата генерација, сочинуваат 72% од публиката. Но, она што е најимпресивно тука е дека уделот на припадниците на генарацијата Z и милениумите во гледањето на вестите надвор од дома е речиси тројно зголемено во однос на гледањето вести дома. Понатаму, уделот на гледањето на ТВ надвор од дома на генерација X (Gen X) скокна од 18% гледаност дома, на 23% гледаност на надвор од дома (OOH).

Спортските програми следат сличен тренд, при што речиси половина (45%) од гледањето надвор од дома, доаѓа од генерацијата Z и милениумците. Уделот на Gen Z и милениумците во гледањето спортови надвор од дома се зголеми за речиси 10% за секој демографски сегмент. Всушност, 15% е поголема веројатноста дека гледаноста на спортските содржини надвор од дома доаѓа од луѓе на возраст помеѓу 18 и 49 години (како примарна потрошувачка демографија).

Поради тоа, информативните и спортските мрежи забележуваат силен раст во гледањето надвор од дома од генерацијата Z и милениумците, но радиодифузерите бележат дури и повисок пораст за овие демографски групи. Гледањето на ТВ надвор од дома исто така, расте за шпански и забавни мрежи, кои бележат пораст од 3% до 7% за генерација Z, милениумците и генерација X.

Со децении, сопствениците и закупците на медиуми знаат дека постои OOH публика, но никогаш не успеале да ја квантифицираат и правилно да ја монетизираат оваа високо посакувана публика. Во текот на изминатата година, најновите сознанија во гледаноста надвор од дома меѓу овие потрошувачи поттикнаа поширока дискусија за можностите кои оваа публика ги претставува, како за купувачите, така и за продавачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365