Home » Во фокусот » Најк го прослави 20 годишното партнерство со фудбалскиот клуб Барселона со нова реклама

Најк го прослави 20 годишното партнерство со фудбалскиот клуб Барселона со нова реклама

Кампањата насловена “The Ball Makes us More” донесува на екраните бројни ѕвезди на овај тим, за да му оддадат почит на клубот во уникатниот стил

Најк го прославува своето 20-годишно партнерство со фудбалскиот клуб Барселона со нова реклама, која ја нагласува поврзаноста на Барселона со своите навивачи, на локално и на глобално ниво, но и нивниот напаѓачки стил на игра, познат како „The Barca Way“.

Спотот “The Ball Makes us More” е во режија на Воли Фистер, кој доби Оскар за филмот Inception, а во него се појавуваат голем број на ѕвезди како што се Филипе Кутињо, Андрес Иниеста, Мартенс, Жерар Пике, Серхио Бускетс, Серџи Роберто, Усман Дембеле, Самуел Умтити, Денис Суарез, Паулињо и други.

Тука се и легендите Карлес Пујол, Роналдињо, Пеп Гвардиола и покојниот, Јохан Кројф.

Манел Аројо, потпретседател на ФК Барселона, по повод новата кампања, изјави: “Кампања The Ball Makes us More е демонстрација на тоа како целосно да ги поврзете Најк и Барса. Кампањата се фокусира на нашиот идентитет, нашиот уникатен стил на игра, на поседување на топката, на стилот кој го промени светот на фудбалот, а на кој ние сме толку горди. Исто така, го покажуваме односот на Барса со градот Барселона, надевајќи се дека ќе постигнеме глобално влијание врз сите обожаватели на Барселона и фудбалот во целина”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365