Home » Во фокусот » Nike лансираше нов енергичен спот со млади спортисти

Nike лансираше нов енергичен спот со млади спортисти

Новата рекламa на агенцијата Wieden+Kennedy за спортските производи на Nike и Dick во САД е буквална експлозија на енергија

Nike и американски ланец на продавници за спортска опрема Dick’s Sporting Goods лансираа нов промотивен спот, кој го изработи агенцијата Wieden + Kennedy, во кој главната улога ја играат млади спортисти кои своите тренинзи ги подигнале на екстремни нивоа.

Спотот насловен Play Like You Own It покажува неколку млади спортисти кои контролата на своите тренинзи ја земаат во свои раце, кои ги поместуваат границите и патем, одлично се забавуваат. Како што беше наведено во соопштението за медиумите, рекламата им покажува на гледачите дека спортот стана премногу специјализиран и стандардизиран.  Се изгуби играта и спортот стана работа, а во тој процес ја изгуби суштината за оние кои прават спортот одличен- децата.

Рекламата која е во продукција на Стејси Вал и Тејлор Твист од продукциската куќа Woodpecker едноставно изобилува со енергија, а дополнителен поттик дава и енергичниот саундтрак на самиот спот. Гледањето на овие млади спортисти како се забавуват во спотот е несомнено инспиративно и возбудливо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365