Home » Extra 5 » Најк одговори на најавата за забрана на костимот на Серена Вилјамс: “Никогаш не можете да и ги одземете нејзините супер сили“

Најк одговори на најавата за забрана на костимот на Серена Вилјамс: “Никогаш не можете да и ги одземете нејзините супер сили“

Mike Frey/Getty Images

Најк им одговори прилично остро на организаторите на Ролан Гарос, отвореното првенство во Франција, откако претседателот на Француската тениска федерација објави дека би можел да и забрани на американската тенисерка Серена Вилијамс да го носи својот црн костим за време на турнирот.

“Можете да и` го одземете на супер хероината нејзиниот костим, но никогаш не можете да и ги одземете нејзините супер-моќи”, објави Најк на Твитер.

Вилијамс, која е бренд амбасадор на Најк, оваа година носеше специјално дизајниран костим на натпреварот. Таа го носеше специјалниот костум од медицински причини, за да помогне во спречувањето на згрутчување на крвта.

Облеката беше дизајнирана пред да биде реализиран хит-филмот “Црн Пантер”, но таа во мај изјави дека облеката ја потсетила на филмот.

“Јас секогаш живеам во фантастичен свет”, вели таа. “Отсекогаш сакав да бидам суперхерој и тоа е еден вид мојот начин да се биде суперхерој”.

Сепак, во едно неодамнешно интервју, претседателот на француската тениска федерација, Бернард Џудичели, изјави дека ова одело покажува непочитување на натпреварот.

“Ќе побараме од производителите да ни покажат што доаѓа, бидејќи верувам дека во некои случаи отидовме предалеку”, рече Џудичели. “Облеката на Серена оваа година, на пример, повеќе нема да биде прифатлива. Мора да ги почитувате играта и турнирот.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365