Home » Во фокусот » Нилсен именуваше нов раководител за Адриатик регионот

Нилсен именуваше нов раководител за Адриатик регионот

Нилсен, глобална компанија за мерење и анализа на податоци, го назначи Мирослав Тасиќ за нов лидер на пазарот за регионот Адриатик. Неговиот претходник Андреј Двојченков презема нова улога во компанијата Нилсен како лидер на кластерот кој ги опфаќа Арапскиот Полуостров и Пакистан.

Тасиќ со себе носи 15 годишно искуство во маркетинг истражувањата, FMCG секторот и фармацевтската индустрија стекнато во различни региони на Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Африка. За време на неговата кариера тој имал различни стратешки улоги, како од страна на агенциите така и од страна на клиентите, а неговите лидерски способности и одговорности со време се зголемувале. Пред новата улога, Тасиќ го водел тимот за аналитика, увид и прогноза за Блискиот Исток, Африка и Турција во една глобална истражувачка фармацевтска компанија во Дубаи.

Како нов лидер на пазарот за Адриатик, Тасиќ ќе игра клучна улога во развојот и спроведувањето на бизнис стратегијата на Нилсен и постигнување на целите за раст, додека континуирано ќе ја надоградува извонредната репутација во поглед на квалитетна услуга, испорака и поддршка на клиентите во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365