Home » Во фокусот » Nivea под налет на критики заради промоција на производи за осветлување на кожа

Nivea под налет на критики заради промоција на производи за осветлување на кожа

Nivea стана најновиот бренд на производи за лична нега кој е под ударот на критики заради расизмот и тоа откако објавија реклама во која црна жена рекламира прозвод за осветлување на кожата. Така Nivea се најде во средиштето на критиките неколку седмици откако Dove беше критикуван заради „претворањето на црните жени во бели“.

Контроверзната реклама наменета за африканските жени го промовира Niveа  Natural Fairness кремот кој на луѓето со темна кожа се продава како едноставен начин за да се постигне „видливо посветла кожа.“

Нараторот кој ја следи рекламата неведува дека крема ке ја „обнови“ кожата и ќе и` даде природна светлина.

Портпаролот на компанијата Beiersdorf AG која е сопственик на овај германски бренд, даде штуро извинување, инсистирајќи на тоа дека Nivea е посветена на „разновидните потреби за нега на кожата.“

Од таму изјавија: „Нашата намера никогаш не е да ги навредиме нашите потрошувачи. Сметаме дека секој потрошувач има право да ги бира производите во склад на неговите лични преференци и се водиме од тоа да им обезбедиме квалитетни производи за нега на кожата.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365