battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Нов менаџерски тим за водечката ПР агенција во БиХ

Нов менаџерски тим за водечката ПР агенција во БиХ

Водечката Босанска ПР агенцијата Prime Communications објави дека, почнувајќи од утре 15-ти февруари, ќе биде управувана од Добрила Мочевиќ, извршен директор – која ќе ја води канцеларијата во Сараево и Андреа Вуковиќ, директорка за развој, која ќе ја води канцеларијата во Бања лука.

Овластувањата и независноста во одлучувањето и управувањето на агенцијата, на новиот менаџерски двоец, дополнително им се унапредени и со добивањето на статус партнер на агенцијата.

Dobrila Mocevic i Andrea-Vukovic

Dobrila Mocevic i Andrea-Vukovic

Досегашниот генерален директор Драган Мочевиќ, ќе задржи советодавна улога во стратешките проекти и по повод менаџерските смени вели: “Оваа одлука ја донесов со цел да направиме реорганизација на компанијата која веќе 12 години е лидер во односите со јавност во БиХ. Време е да направиме нов чекор. Време е за нов раст, за нова енергија, за нови идеи, проекти, бизниси и клиенти. За мене е време да мојата фирма ја препуштам на менаџери кои можат да направат резултати какви што сакам од Prime, а јас да се посветам на некои проекти за кои поради обврски во агенцијата години наназад не сум имал доволно време“

Како што велат во соопштението од Prime, оваа управувачка и организациска промена е прва од многуте промени кои агенцијата ги планира за оваа година со цел подобрување на квалитетот на услугите со дополнително насочување кон најголемите вредности кои Prime Communications ја издвојуваат на пазарот.

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365